• Latest
epa09783577 Aftermath of an overnight shelling at a residential area in Kiev, Ukraine, 25 February 2022. Russian troops entered Ukraine on 24 February prompting the country's president to declare martial law.  EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Пендаровски, Џафери, Ковачевски, Петровска и Груби говорат за руско -украинската криза за ЦИВИЛ

February 25, 2022

Сериозни повреди на демократските принципи пред локалните избори 2025 – Движењето Слободни и независни бара итна реакција од институциите

October 10, 2025

По 8 месеци криза, конституирано е косовското собрание

October 10, 2025

Играта со меѓуетничките односи: Стратегија или опасен политички потег?

October 10, 2025

Зекирија Шаини: Сакаат да ме дискредитираат, мојата сопруга нема врска со пукањето – институциите нека го најдат вистинскиот сторител!

October 10, 2025

Фон дер Лајен следната недела на турнеја низ Западниот Балкан, в среда ќе престојува во Скопје

October 10, 2025
РЕК Битола

Уапсен Борче Марковски од „Марковски компани“: Кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола од 1,7 милиони евра

October 10, 2025

Нобеловата награда за мир 2025 оди кај Марија Корина Мачадо – симболот на отпорот против диктатурата во Венецуела

October 10, 2025
Јане Ѓорѓиоски

Кој се плаши од метафорите на Тричко?

October 10, 2025

ВМРО-ДПМНЕ во Дојран, Валандово, Богданци и Гевгелија; СДСМ во Брвеница, Сопиште, Ѓорче Петров и Гази Баба

October 10, 2025
Фото: Скринчот од видео на WHAS11

Путин призна дека руската воздушна одбрана отворила оган врз азербејџанскиот патнички авион во 2024 година

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Пендаровски, Џафери, Ковачевски, Петровска и Груби говорат за руско -украинската криза за ЦИВИЛ

February 25, 2022 14:18
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
epa09783577 Aftermath of an overnight shelling at a residential area in Kiev, Ukraine, 25 February 2022. Russian troops entered Ukraine on 24 February prompting the country's president to declare martial law.  EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

epa09783577 Aftermath of an overnight shelling at a residential area in Kiev, Ukraine, 25 February 2022. Russian troops entered Ukraine on 24 February prompting the country's president to declare martial law. EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода како организација за човекови права и слободи и ЦИВИЛ Медиа како дел од медиумската платформа на организацијата будно ги следи актуелните случувања со руско – украинската криза, со редовно известување и анализирање на состојбите, на дневна основа.

Два дена пред воениот напад врз Украина од страна на Руската Федерација, ЦИВИЛ испрати прашања до Владата, претседателот на РСМ, претседателот на Собранието на РСМ, сите министерства и сите политички партии, за нивниот став за признавањето на регионите Донбас и Луганск, и наредбата за директна руска воена интервенција во Украина, и за тоа како ќе влијае воената ескалација во Украина на економските и општествено-политичките состојби и процеси во Северна Македонија и земјите на Западен Балкан.

Стево Пендаровски – претседател на Република Северна Македонија: Грубото кршење на меѓународното право е закана за цивилизацијата

„Инвазијата на Украина од страна на Русија е напад на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, сериозна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и закана за стабилноста на Европа. Како НАТО членка, се приклучуваме кон повикот на Алијансата насочен кон Русија за прекин на воените дејствија на територијата на Украина.
Во име на граѓаните на Северна Македонија, изразувам солидарност со украинскиот народ во овие тешки времиња“, истакна Пендаровски.

Во однос на прашањето на ЦИВИЛ Медиа за тоа како ќе влијае воената ескалација во Украина на економските и општествено-политичките состојби и процеси во Северна Македонија и земјите на Западен Балкан, информираме дека Кабинетот на претседателот е во комуникација со надлежните институции во земјава и во рамките на НАТО, околу можните сценарија кои тековно се изработуват во зависност од ситуацијата на терен, а кои се однесуваат на економските и политичко-безбедносните импликации од ескалацијата на состојбите меѓу Русија и Украина.

Тој изрази цврста поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. По повод инвазијата на Украина од страна на Русија, претседателот Пендаровски изразува силна осуда за воените дејствија кои Русија ги презема над Украина, што неизбежно ќе водат кон ненадоместлива загуба на човечки животи и материјална штета.

Талат Џафери, претседател на Собранието на РСМ: Украина е оштетена, ние треба да бидеме претпазливи во контекст на безбедноста

„Треба да се биде претпазлив и во контекст на безбедносните напори. Ние сме членка на НАТО, имајќи предвид дека правиме напори за отпочнување на преговори за членство во ЕУ, не се сите задоволни и не го прифаќаат сите нашиот напор и нашата определба да бидеме членки на ЕУ и во тој контекст импликациите се ако не директно, тогаш индиректно секако дека може да имаат влијание врз нашите напори“, вели меѓу другото Џафери.

Славјанка Петровска, министерка за Одбрана: Безбедносната состојба во Северна Македонија е стабилна и нема потреба од загриженост

„Безбедносната состојба во Северна Македонија е стабилна и нема потреба од загриженост. Тоа го потврдуваат институциите задолжени за внатрешната безбедност.

Дополнителен аргумент за тоа е нашето членство во НАТО – Северна Македонија е дел од пошироката безбедносна заедница, од најголемиот воено политички сојуз и нашите граѓани не треба да бидат вознемирени“, вели Петровска.

Артан Груби, прв Вицепремиер: Силно ја осудуваме одлуката на Русија, се превземаат сите чекори за заштита на безбедноста и сигурноста на нашата земја

„Северна Македонија како и останатите НАТО сојузници се приклучува на повикот за враќање на Русија на решавање на конфликтот преку мирен и дипломатски пат.

Треба да се каже во политичкиот дел дека будно се следат работите, од домашни институции и од НАТО, и дека се преземаат сите чекори за заштита на безбедноста и сигурноста“, посочи меѓу другото Груби.

Димитар Ковачевски, претседател на Владата: Се преземаат сите чекори за заштита на безбедноста и сигурноста

„Што се однесува до економските импликации, во моментов и согласно сегашната состојба и сознанија, проценката е дека може да се очекува некое минимално влијание на металопреработувачката и градежната индустрија како најголеми увозници на украински производи од железо и нелегиран челик. Во случај на поголема ескалација, за очекување е дека овие сектори можеби ќе треба да бараат алтернативни пазари за овие производи.

Во случај на воени дејствија од поголем размер пак, би можело да се очекува регионално и глобално влијание врз покачување на цените на енергенсите.

Безбедносната состојба во Северна Македонија е стабилна и нема потреба од загриженост. Северна Македонија е дел од пошироката безбедносна заедница, од најголемиот воено политички сојуз и нашите граѓани не треба да бидат вознемирени“, вели Ковачевски.

ЦИВИЛ очекува уште многу одговори од сите засегнати на кои им испративме прашања, а кои ќе бидат објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ Медиа.

ЦИВИЛ денеска излезе со соопштение и видео обраќање во кое ја осудува воената агресија врз Украина што започна на 24 февруари.

„Воените операции извршени уште во првите часови од целосната инвазија врз оваа земја сеат страв и ужас кај цивилното население со очигледна намера животот на цивилите да се претвори во оружје на војната.

Воениот акт на Руската федерација е целосно неоправдан. Светот е сведок на еден неиспровоциран напад врз една независна, суверена, мирољубива и демократска земја. Долгогодишната окупација на дел од Украина во 2014 година и започнувањето на тотална инвазија во 2022 година е директен напад врз слободата и демократијата во целиот свет.

„Сопрете го Путин! Слободата и мирот за Украина се слобода и мир за целиот свет!“. е пораката на ЦИВИЛ за сите слободољубиви граѓани низ целиот свет.

Дијана Тахири 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ