Со нашиот пристап кон градењето на односи на почитување и соработка меѓу различните етнички и верски заедници, ние сме позитивен пример не само за нашиот регион. Историското искуство не научи да не се плашиме од различните, туку да ја прифатиме и почитуваме различноста. Во сите наши државотворни акти, од Крушевскиот Манифест, па се до Рамковниот договор се провлекува суптилната нишка на инклузивност на различните етникуми. Нашиот модел на соживот надживеа државни системи и идеологии, војни, конфликти и бројни кризи, во меѓувреме изјави претседателот Пендаровски на конференцијата на ЦИВИЛ „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“.
Се разбира, тоа не значи дека имаме луксуз да живееме на стара слава. Работата е далеку од завршена, затоа што прашањето на меѓуетничка кохабитација никогаш не можете да го архивирате како дефинитивно одговорено. претседателот Пендаровски на конференцијата „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“.
Д. Т.
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети