• Latest

Пендаровски: Научната јавност да ја чува својата автономија, достоинство, објективниот и критичкиот пристап

June 28, 2023
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пендаровски: Научната јавност да ја чува својата автономија, достоинство, објективниот и критичкиот пристап

June 28, 2023 11:06
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Важно е да го чуваме сознанието дека нашето постоење, јазик, уметност, култура, нашиот светоглед не постојат затоа што се верификувани од другите, туку затоа што се јадрото, самата суштина на нашите животи која ни овозможува траење низ времето и просторот“, истакна претседателот на државата Стево Пендаровски на отворањето на осмата Меѓународна научна конференција „Крсте Мисирков и македонскиот јазик – извор на научни истражувања“ во рамки на Отворените денови на Институтот за македонски јазик.

Во таа смисла, нагласи претседателот, „и како минато, и како сегашност, и како иднина, Мисирков и „За македонцките работи“ биле и остануваат да бидат стожерот на македонскиот јазичен, национален и културен идентитет“.

-Јасно е дека наспроти глобалните процеси, кои од мноштвото сакаат да направат едно, сепак, на овој свет опстојуваме најмногу затоа што сме Македонци коишто зборуваат на македонски јазик, истакна Пендаровски.

Шефот на државата порача научната јавност да не потпаѓа на притисокот на, како што рече,  дневно-политичките настани и да ја чува „својата автономија, достоинство, објективниот и критичкиот пристап во проучувањето на историските и актуелните феномени“.

-Токму научниците, писателите, уметниците се моралната и естетска вертикала која го чува интегритетот на човештвото во овие времиња на виртуелна реалност моделирана од новите медиуми и социјални мрежи, каде што честопати формата е побитна од содржината, додаде Пендаровски на отворањето на конференцијата на Институтот за македонски јазик.

Таа се организира во знакот на два јубилеја – 70 години од основањето на Институтот  и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков.

Tags: идентитетјазикКрсте МисирковПендаровски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ