Навистина не верував дека може да дојде до ситуација да ми пцуе починат родител. Тоа ми е само една лична болка и не можам да разберам зошто имал потреба да ја искаже. Мојата мајка е почината пред 10 години и мислам дека крајно нечовечки. Тој чин не се простува. Што човек да каже за пратеник кој пцуе мртов родител, одговори шефот на државата Стево Пендаровски, на новинарското прашање, како ја коментира пцовката на лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, упатена кон него.
„Како што се вели, ако мажот има нешто меѓу нозе, тогаш доаѓа и лично се соочува, наместо што се крие зад тастатура. Тој човек лани ја опцу и Радмила Шекеринска. Мора да си или ушмркан или психопат, за да фрлаш грди зборови врз гроб на починат родител. Но, што да се очекува од гнида од човек“, рече Пендаровски.
Таква работа, таков јавен став може да искаже човек кој или е ушмркан или му фали нешто во главата. Јас навистина мислам дека тој е психопат и не е со сите што може вакви работи да постира на социјалните мрежи. Тоа е настан, изјава, без преседан во современа Европа. Јас гарантирам дека ниту еден избран пратеник во ниеден европски Парламент не пцуе починати родители на друг колега, политичар, рече Пендаровски.
Апасиев вчера објавив краток статус на Фејсбук и Твитер во кој напиша: „Пендаровски, пи*ка ти матер“.
Д.М.