• Latest
Фото: Министерство за локална самоуправа

Пенов: Управувањето со отпадот сѐ уште голем предизвик кај нас

June 8, 2023

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕН ЦИВИЛ

Пенов: Управувањето со отпадот сѐ уште голем предизвик кај нас

June 8, 2023 18:10
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕН ЦИВИЛ
Фото: Министерство за локална самоуправа

Фото: Министерство за локална самоуправа

Share on FacebookShare on Twitter

Управувањето со отпадот сѐ уште е голем предизвик кај нас, уште повеќе што во оваа област спроведувањето на европските директиви бара ангажирање на големи финансиски ресурси, но и знаење. Затоа е важно да се аплицираат нови решенија, коишто истовремено ќе направат промени во повеќе сфери, изјави министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на презентацијата на истражувањето на „Пакомак“ за интегрирање на неформалните собирачи во формалната економија.

– Ја поздравувам иницијативата на „Пакомак“ за изнаоѓање на нови, иновативни форми за управување со отпадот од пакување. „Пакомак“ е пионер во оваа област и со своето работење, повеќе од една деценија активно придонесува во подигнувањето на свеста кај граѓаните и менување на односот кон отпадот. Во зависност од третирањето, отпадот од пакување може да биде најмасовен загадувач, или пак да создаде нова вредност преку негова преработка, додаде министерот.

Како што се наведува во соопштението на Министерството, „преку нови форми на организирање, корисноста може да биде повеќе димензионална, во исто време да се остваруваат и економски и социјални цели и да се придонесе за инклузивен и одржлив развој, а додадената вредност е во солидарноста, во интегрирањето на маргинализираните групи во формалната економија и во подигнувањето на стандардот на услугата“.

– Јавната чистота е првата слика која го создава впечатокот за работењето на локалната власт и на локалните служби. Оваа иницијатива е добар поттик надлежните институции и локалната самоуправа, секој во својата надлежност, да создадеме поволни услови за да заживее овој концепт на организирање, се наведува во соопштението.

Како што се додава, „неформалното собирање на отпадот од пакување е наше секојдневие. Сите сме свесни дека многу граѓани на овој начин ја обезбедуваат својата егзистенција. Но, без формализирање на овие активности, многу често направената штета е поголема од корисноста. Тоа најдобро го знаат локалните власти, затоа што управувањето со отпадот е локална надлежност и тие се соочуваат со граѓаните коишто со право, често реагираат. Затоа локалните власти се најповикани да учествуваат во развивањето на овој концепт“.

Министерството за локална самоуправа при поддршката на проекти за развој на општините и на планските региони, се истакнува во соопштението, „секогаш инсистира на принципите што произлегуваат од европските стратешки документи и од развојните цели на ОН – рамномерен, инклузивен, одржлив и зелен развој. Праведен пристап до јавните добра и нивно искористување на одржлив начин“. 

Tags: Министерство за локална самоуправаРисто Пеновуправување со отпад
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ