„Треба континуирано да афирмираме граѓанското општество да биде општество за сите, отколку да биде граѓанско општество кој многумина го перцепираат како одделни кружоци кои егзистираат сами за себе“, истакна м-р Милан Петковски, претседател на Македонско здружение за заштита при работа, на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Каква е улогата на граѓанските организации во општествено-политичките процеси?“.
„Граѓанскиот сектор е оној кој ги вади на површина работите каде што потфрла државата и создава сиви зони и се обидува да помогне да се реши проблемот…
Граѓанскиот сектор е потребен, бидејќи таму се собира интелегенцијата во општеството, но често пати поради лукративни причино граѓанскиот сектор влегува во погрешни врати да спроведува политика“ додаде тој.