• Latest

Петровска: Армиските припадници кои помагаат во Словенија се наша гордост

August 16, 2023

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Петровска: Армиските припадници кои помагаат во Словенија се наша гордост

August 16, 2023 11:17
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, НЕПОГОДИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во гостување на утринската емисија Здраво Македонијо на Канал 5 телевизија, истакна дека без двоумење предложила армиските припадници да бидат упатени на помош во Словенија, исто како што било направено и за катастрофалните земјотреси во Турција.

 „Немаше двоумење од моја страна како министерка да и предложам на владата, на врховниот командант и на началникот на Генералштабот, дека треба да понудиме наша помош за поплавите во Словенија, не заради тоа што сме членка на НАТО Алијансата, меѓутоа солидарноста и сојузништвото е нешто кое природно и припаѓа на Армијата би рекла и оној повик секогаш кога некој има потреба од помош или било каква поддршка Армијата е тука да помогне“ рече Петровска.

Во тој контекст, Петровска истакна дека споделените фотографии во јавноста од припадниците на македонската Армија кои отидоа на помош за поплавите во сојузничка Словенија е нешто што не прави сите нас горди.

Припадниците на Армијата на Република Северна Македонија кои учествуваат во хуманитарните операции во Словенија за санирање на штетите од катастрофалните поплави, заедно со припадниците на Словенечката војска изградија привремен мост во општината Межица во северниот дел на земјата, кој беше пуштен во употреба.

На отворањето на мостот во оваа општина во корушкиот регион, присустуваше словенечкиот министерот за одбрана Марјан Шарец.

-Словенечката војска набрзо пристапи кон изградба на овој привремен мост. Благодарност до инженерите. Мостот денес стои. Навистина ни требаше, тој е важен за локалното население и економијата. Драго ни е што беше поставен за толку кратко време, рече министерот Шарец.

Началникот на Генералштабот на Словенечката војска, генерал-потполковник Роберт Главаш, на пуштањето во употреба на мостот истакна дека мостот е изграден заедно со војниците на АРМ.

-Словенечката армија од самиот почеток соработува за отстранување на последиците од поплавите. Помага каде што можеме. Мислам дека помошта е огромна. Овој мост го изградивме заедно со членовите на македонската армија за четири или пет дена, рече генерал-потполковник Главаш.

Во Словенија се наоѓаат 100 припадници на АРМ кои помагаат во санирањето на штетите што ги предизвикаа поплавите, како последица на поројните дождови во првата недела од месецов. Помошта беше побарана од страна на Словенија преку механизамот NATO EADRCC.

Припадниците на Армијата на Република Северна Македонија, согласно владината одлука, ќе останат во Словенија 30 дена, каде се вклучени во хуманитарната операција за санирање на штетите од невремето во поплавените подрачја.

Во најлошите поплави што ја зафатија Словенија од нејзината независност во 1991 година, загинаа шест лица, а беше предизвикана штета која се проценува на неколку милијарди евра.

Tags: АРМПетровскаСловенија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ