• Latest

Петровска: Вие сте НАТО и вие сте браникот на современите, цивилизациски вредности

November 30, 2022
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Петровска: Вие сте НАТО и вие сте браникот на современите, цивилизациски вредности

На припадниците на Армијата упатени во овие две борбени групи Петровска им упати порака да бидат горди на себе зашто се браникот на современите цивилизациски вредности и се составен дел од колективната одбрана која ни овозможува да живееме во мир и безбедност.

November 30, 2022 10:21
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Чест ми е што стојам пред вас, припадниците на македонската Армија, нашата НАТО Армија. Вие сте првите единици во борбените групи на Алијансата во Бугарија и во Романија, каде заедно со припадниците на вооружените сојузнички сили сте составен дел од колективниот систем за одвраќање и одбрана. Знам дека одлично ќе се вклопите во заедничкиот тим во овие две земји и дека ќе бидете армиски припадници на кои секој ќе може да се потпре“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје по повод испраќањето на два вода од Армијата на Република Северна Македонија во борбените групи на НАТО во Бугарија и Романија.

Министерката истакна дека денешната реалност е исполнета со безбедносни предизвици, но дека НАТО е силен и одлучен во својата намера да ја заштити евроатлантската област, вклучувајќи го и нашиот регион и Северна Македонија.

„Нашиот сојузнички одговор е јасен и гласен. Нема да дозволиме никој да ја загрози нашата безбедност и безбедноста на нашите граѓани, нашите блиски и нашите семејства. НАТО е одбранбена алијанса и не претставува закана за ниту една земја, но НАТО е подготвено и обединето во одбраната на секоја педа сојузничка територија, а тоа е факт кој можеме да го видиме и денеска на ова свечено испраќање“, истакна министерката.

На припадниците на Армијата упатени во овие две борбени групи им упати порака да бидат горди на себе зашто се браникот на современите цивилизациски вредности и се составен дел од колективната одбрана која ни овозможува да живееме во мир и безбедност.

„Покажете сè што знаете и умеете зашто вашиот професионализам е видлив, а вашата мотивација висока. Помогнете во колективните напори за зацврстување на безбедноста на НАТО и вратете се дома кај своите семејства. Ве очекуваме со уште поголемо искуство и посилен мотив да продолжите секојдневно да работите за просперитетот на својата нација“, порача Петровска.

Борбени групи во Бугарија и Романија се дел зголемените активности за будност на НАТО (NATO enhanced vigilance activities – NATO eVA), со цел засилување на источните граници на НАТО и се дел од четирите мултинационални борбени групи, формирани по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Tags: АРМНАТОСлавјанка Петровска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ