• Latest
Фото: МИА

Петровска: На овој ден во 2020 година покажавме каде припаѓаме, влегувајќи во НАТО го одбравме патот на стабилност

March 27, 2024
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Петровска: На овој ден во 2020 година покажавме каде припаѓаме, влегувајќи во НАТО го одбравме патот на стабилност

March 27, 2024 15:52
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Со показна точка „Егзерцир“ во изведба на Армиската гарда, промоција на две поштенски марки и доделување признанија за воениот и цивилниот состав на Армијата денеска пред платото на Министерството за одбрана беше одбележана четиригодишнината од зачленувањето на земјава во НАТО и 32-годишнината од формирањето на Генералштабот на Армијата.

– На овој ден во 2020 година покажавме каде припаѓаме, кои се нашите заеднички вредности и кое е нашето место како земја која отсекогаш се залагала за мир, демократија, безбедност и стабилност. Но, овој датум има и друга историска важност – клучен датум во создавањето суверена и независна Македонија, рече министерската за одбрана Славјанка Петровска во своето обраќање.

Таа нагласи дека на истиот датум во 1992 година се создадоа услови за формирање на македонската Армија.

-Првиот 27 март ја потврди нашата одлучност за независна и самостојна држава, а вториот ја зацврсти нашата безбедност и стабилност. Влегувајќи во НАТО јасно го одбравме патот – стабилност и сојузништво наспроти деструктивно однесување, рече Петровска.

НАТО, како што кажа, не е закана за никого, туку постои за да се заштити себеси.

-Нашата историја покажува дека промовираме стабилност, еднаквост и дијалог. Како членка на Алијансата мора да бидеме подготвени и одговорно да го зацврстиме системот на отпорност на нашето општество. Тоа е сериозен предизвик што мора да го совладаме, рече Петровска и нагласи дека Армијата ќе продолжи да се развива и модернизира затоа што е столбот на државата, а ќе продолжи и инвестирањето во човечкиот капитал – столбот на одбраната.

Првиот вицепремиер Бојан Маричиќ посочи дека денеска сме поспокојни сите зашто сме полноправна членка на најнапредната и најмоќната одбранбена воено-политичка алијанса и дека пред четири години ги запечативме гаранциите за нашиот територијален  интегритет и безбедноста на граѓаните. Успехот за НАТО, потенцира, е инспирација да продолжиме кон ЕУ.

-Тоа е така зашто сме меѓу демократите и демократиите, меѓу визионерите, и затоа што сме тука сите за еден и еден за сите – рамо до рамо со најразвиените во светот. Многу брзо по членството имавме можност да видиме како изгледаат алтернативите за да си потврдиме дека за нас всушност никогаш немало и нема да има друга и подобра алтернатива. Сликите на ужасот во Украина ни покажуваат дека членството во НАТО е најдобрата цел што сме успеале да ја обезбедиме за нашите граѓани, посочи Маричиќ.

Порача дека со тоа се покажало дека вредела секоја тешка одлука којашто не донела до тука. Членството во НАТО, додаде, е привилегија, но и обврска како држава да јакнеме и да придонесуваме во колективната безбедност. НАТО е најмоќниот сојуз кој го чува мирот на над една милијарда граѓани со демократски вредности.

-Ние сме тука и ќе продолжиме да бидеме тука и за Украина се додека е тоа потребно, потенцира Маричиќ.

Директорот на Генералштабот на Армијата, бригадниот генерал Симеон Трајковски истакна дека денеска првпат официјално се чествува 28 март – Денот на Генералштабот на Армијата кога официјално почна функционирањето на ГШ со преземање на просториите на Министерството за одбрана од ЈНА.

-Почетоците беа тешки, се работеше макотрпно со огромен ентузијазам и патриотизам со цел да се почне со планска организација, раководење и командување во контекст на исполнување на уставната обврска на Армијата  за обезбедување на државната граница и чување на територијалниот интегритет и суверенитет на државата, рече Трајковски.

Новиот предизвик за ГШ, како што кажа, настапил во 2020 година кога за само 18 месеци е извршен потполна интеграција во воената структура на НАТО.

-Сите активности и достигнувања на ГШ во изминатите 32 години се доказ дека Армијата се наоѓа на вистинскиот пат кој беше јасно трасиран уште преку Првиот акциски план за членство во НАТО, потенцира Трајковски.

На настанот беа промовирани и две поштенски марки изработени по повод четири години од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата.

Tags: НАТОПетровскаСеверна Македонија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ