• Latest

(Видео) Петровска: Се враќам од Украина охрабрена дека земјата ќе победи

February 24, 2023

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
Илустрација: ВИ

Црна Гора на чекор до ЕУ: 2028 како цел, Хрватска како главна пречка

November 4, 2026

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

(Видео) Петровска: Се враќам од Украина охрабрена дека земјата ќе победи

February 24, 2023 12:55
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во раните утрински часови на 24 февруари минатата година, кога руските тенкови влегоа во Украина, на светот му запре здивот. Русија се обидува да потчини независна европска земја и со сила се обидува да ги прекрои границите во Европа. Овие настани го означија почетокот на една нова ера. Мрачна војна на европско тло. Апсурдна, нелегитимна и нелегална агресија врз независна и суверена држава и невини луѓе, во 21 век, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на конференција „Украина – година на хероизмот“, на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.

„Му се поклонувам на украинскиот народ кој на светот му покажа дека љубовта кон сопствената татковина е посилна од оружјето на агресорот“, рече меѓу другото министерката Петровска.

Министерката истакна дека оваа невидена агресија во 21 век резултираше со одлучност не само на украинскиот народ туку и на заедништво и поддршка на Европа и Северноатлантскиот Сојуз.

„Ова е година на херојство во која украинскиот народ против целосната руска инвазија на Украина покажа што може за својата татковина. Но и година на единство и сојузништво на европскиот континент. Нашето единство е нашата најголема сила. Се трудеа да нè поделат, но го постигнаа токму спротивното. Ние сме пообединети и порешителни од било кога”, рече Петровска.

Министерка за Одбрана, Славјанка Петровска на конференцијата „Украина – година на хероизмот“ Фотографија: Ангел Ангеловски

Министерката порача дека Северна Македонија водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право покажа дека е цврсто посветена на поддршката и помошта на Украина.

„Нашата помош и поддршка ќе ги има се додека Украина и Украинскиот народ не го остварат своето право, слободно да се движат и живеат на сопствената територија. Помагаме и поддржуваме затоа што силно веруваме во меѓународните принципи, но пред се на правото на живот и слобода”, истакна Петровска.

Министерката се осврна на разорните слики,  уништувањето и агресијата,  кои и сама ги посведочи за време на својата посета на Украина. „Вчера се вратив од Украина и во мене носам различни чувства. Ужасеност, бес и тага за тоа што го видов. Разрушени домови, уништени детски градинки, детски игралишта“ – рече Петровска.

„Ова не е само борба на Украина ова е борба за одржување на целиот меѓународен поредок, кој се заснова на правила и принципи. Слободата нема цена, исто како што нема цена и нашата поддршка и помош за Украина“, заклучи Петровска.

Н.Абдурахмани

Камера: Атанас Петровски/Александар Ризински

Реализација и монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Ангел Ангеловски/Биљјана Јордановска

 

Tags: „Украина – година на хероизмот“Цивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ