ТОШО МАРКОСКИ
Главен уредник на Регионална ТВ Кисс&Менада – Тетово специјално за ЦИВИЛ Медиа.
Односите помеѓу нашата држава и Бугарија ја заострија и подигнаа политичката тензија во двете земји па дури и во соседството, како во Србија така и во Албанија која највеќе се забележува поради тоа што не постои можност и тие да одат во заедничкиот пакет со нас. Тоа се гледа од последните изјави на премиерот на Албанија, Еди Рама.
Тркалото на историјата ги врати некои под-заборавени теми поврзани со взаемните односи, посебно во бугарското општество и односот кон македонската државност, јазик и култура. Можноста за компромис помеѓу двете страни очигледно не е на повидок и ќе биде потребно повеќе време за доближување на позициите од двете страни. Дополнителен проблем претставува и недовербата што ја изгласа Бугарскиот парламент на премиерот Кирил Петков, кој очигледно имаше желба и визија да направи позитивен исчекор помеѓу минатото и иднината и да ги подобри взаемните односи. Очигледно во Бугарија ќе продолжи политичката криза, поради тоа што еден значаен дел од политичките елити повеќе се насочува кон минатото отколку кон иднината. Секако и кај нас овие односи предизвикаа политичка тензија помеѓу власта и опозицијата, а посебно и во самата власт, каде со изјавите на помалите партии дека ако се прифати Францускиот предлог, спремни се да ја напуштат владината коалиција – мнозинство.
Според сите настанати состојби околу Самитот на Западен Балкан, очигледно е дека ќе имаме жешко политичко лето.
ЦИВИЛ испрати покана до главните уредници на медиумите во Северна Македонија да ги коментираат актуелните состојби и односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, како и исходот од Самитот на ЕУ за Западен Балкан во јуни 2022 година. Текстовите се лични ставови на Авторките и Авторите. Преземањето е дозволено според условите на Creative Commons 4.0.