• Latest

Ќе победиме! – ден тринаесетти…

October 8, 2017
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ќе победиме! – ден тринаесетти…

October 8, 2017 13:08
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

До денот на одржувањето на локалните избори остануваат уште седум дена, цела недела. Општото расположение е како пред некое Светско првенство во фудбал, се навива насекаде, секој за својот претендент на изборите. И треба да биде така. Нели, сакаме промени, подобрување, и напредок на локално ниво. Ако за тоа се решава локално, односно, ако за тоа решават гласачите со своите гласови, како што би требало да биде, а не е веќе со години.

Ми се чини дека однапред се знаат победниците на овие избори, впрочем, како речиси и секогаш. А кандидатите се сигурни дека ќе победат. Сите. Така се изразуваат во нивната предизборна кампања, помеѓу другите ветувања и досетки како да ги привлечат гласачите да гласаат токму за нив, секој како што знае и не знае, а често и „како први – тако други“.

Кампањата станува и слатка, со чоколадни слатки со обвивки на кои се испечатени ликовите на кандидатите. Почна Максим Димитриевски, па продолжи Зиадин Села, па веднаш по него и Рамиз Мерко. Добро е, и некој друг да заработи од кампањава. Има време и за другите кандидати, па до избори се надевам ќе добиеме бонбониера со чоколатца од сите ликови на кандидатите. За кога ќе ни дојдат гости, да можат да си го изберат секој својот избор. И да се облажат.

Ова беше мој обид да ја прикажам кампањава како смешна, каква што впрочем и е, ако ја гледаме површински. Или, како мала дистракција од поважните работи. На пример, неколку кандидати, а речиси сите партии, освен ВМРО-ДПМНЕ, по пресвртот во судењето за случајот „Монструм“, си припишуваат заслуги за тоа. Нема да ги набројувам ниту да ги именувам, залудно е трошењето на време и букви за нешто што е од животно значење за едни, а за цела јавност со непобитно значење на враќањето на правдата во Република Македонија. Се надевам дека овој пат, ќе биде навистина така, и ќе се одвива со пожелна брзина, и дека не е така како што се чини, еден предизборен чекор напред. Е па, господа, главни и одговорни уредници, напред! Инаку, сметам дека за овој случај, нема да одговараат само клучните лица директно поврзани со случајот, туку и секој што попречил да се дојде до вистината. До последниот ден на дознавањето, денес, утре или за неколку месеци.

Мојот преглед на кампањата ќе престане тука, затоа што е недела, ден на евтина струја. Треба да се искористи максимално евтината струја, затоа што во работните денови многу ретко, или воопшто, не стигнувам да ја користам евтината тарифа на електричната енергија, што ја врати новата Влада. Ќе гласам за тој што ќе воведе намалување на целокпуната тарифа, на некои следни избори.

А сега, одам да перам, а ако стигнам, меѓу подготвување на ручек, перење и рекреација со правосмукалката, можеби и ќе запеглам. До победа!

 

Дијана Тахири

Tags: кампањалокални изборипобедачоколатца
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ