Во резиденцијата Бојана во Софија започна меѓувладината седница со која ќе копретседаваат премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков. Како што најавија двајцата премиери, се очекува да помине во конструктивна атмосфера, јавува екипата на ЦИВИЛ МЕДИА од Софија.
Во кусите обраќања на почетокот на седницата , премиерите Ковачевски и петков ја истакнаа важноста на продлабочување на билатералните односи , подобрувањтое на економската соработка и инфраструктурното поврзување.
-Договоривме работа на Kоридорот 8, целосна патна, железничка и телекомуникациска инфраструкура, потоа соработка во образованието, културна размена и економска соработка. Во работните групи нема да членуваат само министри, туку и претставници од бизнис заедницата како и експерти од разни области, а редовно ќе не информираат за напредокот кој е постигнат, рече Ковачевски.
Бугарскиот премиер Петков во своето обраќање потенцираше дека заедничката меѓувладина седница е од најдобар интерес на двата народи.
– Порано односите беа на многу ниско ниво, но сега имам големи надежи бидејќи се вклучени многу министри со кои заедно сакаме да работиме. Најважно во политиката е да работиме за доброто на двата народи. Да работиме на прашања од економијата, инфраструктурата, европската интеграција и се разбира да ги следиме внимателно и општите теми како историјата, образованието човековите права
По оваседницата на двете влади продолжи со работа зад затворени врати.
За денес, според агендата е предвиден состанок на министерот за надворешни работи Бујар Османи со неговата бугарска колешка Теодора Генчовска.
На крајот од меѓувладината седница предвиденоа е прес-конференција на премиерите Ковачевски и Петков на која пред новинарите и јавноста ќе ги презентираат резултатите од меѓувладината седница, по што ќе следува потпишување меморандуми и договори за соработка.
Во попладневните часови премиерот Ковачевски, придружуван од членови на Владата, ќе има одделни средби со претседателот на Република Бугарија Румен Радев и со претседателот на бугарското Собрание Никола Минчев.