Вкупно 27 тужби се поднесени до Управниот суд ноќеска од партиите против решенијата на Државната изборна комисија за приговорите за првиот круг од локалните избори што се одржаа во неделата, информираат од судот за МИА. Рокот за поднесување тужби истекува во 11 часот.
Најмногу тужби поднела ВМРО-ДПМНЕ и тоа 24, две ТМРО и една е од Левица.
Судските совети на Управниот суд по овие тужби треба да се изјаснат 48 часа од нивното поднесување. По тужбите ќе одлучуваат пет судски совети составени од по петмина судии од Управниот суд избрани по пат на жрепка. Тужбите електронски им се распоредуваат на судиите, а одлучувањето ќе биде на јавни седници.
Управниот суд синоќа ја отфрли тужбата од Ѓорѓи Шарковски против, како што стои во поднесениот документ, „државната администрација во Кривогаштани“ заради оневозможување на собирање потписи за градоначалник и членови на совет во Општина Кривогаштани. Решнието го донесе Управениот суд во совет составен од тројца судии на нејавна седница на советот.
Во меѓувреме тече кампањата за вториот круг од изборите. На полноќ заврши рокот за поднесување барање за гласање на болни иизнемоштени лица.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.