• Latest

Поголемите политички партии предлагаат една изборна единица со пет отсто праг и со отворени листи

May 8, 2023
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Поголемите политички партии предлагаат една изборна единица со пет отсто праг и со отворени листи

May 8, 2023 18:20
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поголемите политички партии во Собранието на денешната прес-конференција истакнаа дека предлагаат една изборна единица со пет отсто праг и со отворени листи.

Пратеникот на СДСМ, Миле Талевски истакна дека неговата партија ги поддржува измените на Изборниот законик, со оглед на тоа дека, како што посочи, тие биле првата политичка партија којашто во својата програма уште во 2016 година внесе предлог за една изборна единица, објави МИА.

Ги поддржуваме законските измени во делот на препораките од ОБСЕ и ОДИХР. Во делот на прагот, во делот на отворените листи и со оглед на тоа дека Изборниот законик секогаш се носел со консензус апелираме преку дебата, преку дијалог во работната група да се утврдат потребата од отворени листи, потребата од праг. Битно е да се дискутира и зеднички како политички партии да го предложиме Изборниот законик и да го изгласаме тука во Собранието, рече Талески.

Пратеникот на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми истакна дека неговата партија во работната група ќе предложи една изборна единица со пет посто праг и со отворени листи. Тој посочи дека прагот од пет отсто е во функција за да се обезбеди политичка стабилност.

Политичката нестабилност не оди во прилог ниту на државата, ниту на граѓаните. Ако господинот Трајанов сака да има загарантирано пратеничко место доживотно, ајде да разговараме и за тоа, но во рамките на работната група. Треба да бидеме конструктивни. Токму поради овие причини, Демократски сојуз беше против отворени листи за советници, бидејќи така целата јавност ќе дознае кој колку тежи на политичката сцена и затоа беа против. И нивното образложение во рамки на работната група пред локалните избори беа во оваа насока. Но лобирањето и кампањата пред граѓаните е најнормална работа, рече Адеми.

Одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на претседателот и пратеник на Демократски сојуз, Павле Трајанов дека ниту ДУИ, ниту било која од албанските партии самостојно не може да го достигнат овој праг, Адеми рече дека ова „не е блеф и оти ДУИ поддршката што ја уживаа може да се потврди и да се направи проста математика дали пет отсто е достижно или не“.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски потенцира дека неговата партија ќе даде поддршка на една изборна единица откако ќе се договорат другите работи. Посочи дека поддршка од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе добијат забелешките од ОБСЕ/ОДИХР.

А за ова другото очекуваме од големите политички партии да го кажат својот став по однос на една изборна единица. Став на ВМРО-ДПМНЕ во однос на една изборна единица е тоа дека не се мешаме во внатре коалициските комбинаторики на владејачките партии и конфликтите кои што постојат меѓу нив по однос на овој процес затоа што гледаме дека од една страна имаме лицемерие дека поддржуваат една изборна единица. А од друга страна, втора година имаме закочен процес на закон кој што е во процедура. Ние ги повикуваме ДУИ и нивниот подизведувач СДС да се произнесат по оваа прашање, затоа што играта на лош и добар полицаец продолжува од овие две политички партии. Имено, ако одреден временски период во изминативе години ВМРО-ДПМНЕ им беше крива затоа што немаа една изборна единица, а им е дел од коалициското ветување уште од седумнаесетта година на владејачкото мнозинство, се уште ги држат помалите политички партии во коалиција со оваа ветување, истакна Мицевски.

Tags: една изборна единицаизборен законикполитички партиипредлог
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ