• Latest
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Политички дијалог а ла Мицкоски

June 6, 2023
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Политички дијалог а ла Мицкоски

Не само што ги исклучи сите останати политички лидери, туку ја исклучи и својата партија

June 6, 2023 14:25
in ES-PRESS-O, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Мицкоски не го крие својот националшовинизам. Напротив, како што се приближува времето за државнички одлуки на македонските пратеници за европската иднина, така и тој е сè понервозен. Национализмот му е последното прибежиште на секој политичар од неговиот вид. Некритички, како да се огласни табли, поголем дел од медиумите му даваат отворена платформа да го шири својот националшовинизам, а со тоа да ги разгори страстите кај луѓето и да изврши притисок врз пратениците на партијата што ја води.

За што се работи? Премиерот Ковачевски, воедно и лидер на владејачкиот СДСМ, повика на лидерска средба за политичките процеси и иднината на ЕУ интеграцијата. Се подразбира, главното прашање се уставните измени за внесување на бугарското и неколку други малцинства во преамбулата на Уставот. Дотука, тоа е една вообичаена постапка во демократска земја во која политичкиот дијалог е редовна појава. Но само дотука.

Мицкоски ја искористи поканата за политички дијалог за валкан политички маркетинг. Кажа дека прифаќа лидерска средба, но само во четири очи. Националистичкиот драјв на неговата игра се гледа во неговите изјави и коментарите во медиумите и социјалните мрежи во кои главната поента е дека Ковачевски се плаши од средба во четири очи, особено затоа што, наводно, „чека одобрение од Али Ахмети“, лидерот на коалицискиот партнер во власта, ДУИ.

„Цела седмица гледаме една сапуница, каде со доза на напнатост од страна на медиумите се дознава дали премиерот ќе испрати официјална покана за лидерска, па потоа дали Али Ахмети ќе се согласи Ковачевски во четири очи да разговара за иднината на својата држава“, ќе рече Мицкоски во Кавадарци и ќе го повтори тоа на неколку други места.

Ковачевски се плаши од Али Ахмети – е заклучокот што треба да го извлече јавноста од изјавите на Мицкоски и од коментарите во медиумите на кои кокетирањето со радикалниот национализам не им е туѓа медиумска практика.

Во приказната, всушност, Македонецот се плаши од Албанецот „да разговара за иднината на својата земја“. Тоа е наративот кој се шири како шумски пожар веќе со години. Со други зборови – Македонија на Македонците. Сите останати се гости во оваа земја, кои немаат право да се занимаваат со државни прашања. За жал, кон националистичката хистерија што ја шири Мицкоски и еден дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, од минатата година (антиевропски протести), отворено му се придружија интелектуалци, уредници и лидери во граѓанскиот сектор. Пишувавме и говоревме на оваа тема, а за тоа јасно проговори и претседателот Пендаровски.

Има и една донекаде комична димензија на однесувањето на Мицкоски на сцената. Поканата за политички дијалог за клучни процеси во земјата, Мицкоски ја сфати некако лично, па така и ја прифати. Тој уште еднаш покажа дека политичкиот дијалог на кој го покани првиот човек на власта во земјата го разбира како приватна работа.

Се согласува на лидерска средба, но само во тет-а-тет формат и точка. Изгледа не разбира или не сака да разбере дека тоа покажува и недостаток од демократски капацитет. Со тоа што прифати само средба во четири очи, Мицкоски не само што ги исклучи сите останати политички лидери, туку ја исклучи и својата партија. Во општество во кое се негуваат демократските вредности, ваквото однесување би било неприфатливо, а за членовите на раководството на неговата партија и – крајно навредливо.

Што се однесува до постапката, освен тоа што има употребна вредност само во националистичка кампања, а е навредлива за сите останати политички ентитети, вклучително и неговата партија, инсистирањето на средба во четири очи може да упатува и на страв. Што е тоа што Мицкоски може да го каже во средба само со еден човек, а му е страв да го каже во присуство на други политички лидери?

Понатаму, не е далеку ни помислата на тоа дека Мицкоски можеби има намера да го уцени или да му се закани на премиерот. Јавноста не доби ниту една причина да верува во чесните намери на вмровскиот шеф, по сите навреди и говор на омраза што го истури во изминатите години, а особено откако земјата, по 17 години чекање, се приклучи на брзата лента кон ЕУ.

Лидерската средба се претвори во пародија уште пред да се одржи. Мицкоски мисли дека поканата му даде простор за манипулации и пропаганда, но целата приказна околу учеството на Мицкоски во клучните процеси се претвори во бесмислица. Блуткава смеса од евтин популизам. Но наспроти сета гротеска, не треба да занемари дека се работи за жесток национализам и силна антизападна кампања со – потенцијално – големи последици по интеграциските процеси на земјата.

Не смее да се занемари и прашањето за демократскиот капацитет на шефот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски целосно ја потцени (сега веќе сосема заслужено во наводници) „лидерската средба“. Тој со денови неуморно повторува дека ја прифатил средбата за да му каже на Ковачевски дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставните измени. Раскажа во детали што ќе му каже на Ковачевски. И дека ќе го прашал што мисли да прави откако нема да успеат уставните измени и дека после тој неуспех треба да падне владата. Останува прашањето – каква смисла има лидерската средба по сиот циркус што го приредува Мицкоски. Едноставно, било каква средба нема логика, кога веќе се познати сите ставови на „соговорникот“.

Информиран човек, свесен за националните интереси и за тоа каде припаѓа и каде (треба да) се движи Македонија, не може да го прифати ваквото деструктивно однесување во политиката.


Наслов на оригиналот: Political dialogue à la Mickoski, Civil.Today
Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Tags: ЕУМицкоскинационализамуставни измени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ