• Latest
Добро утро со Орданоски

Попис: Крајот на светот е одложен на неодредено време

September 16, 2021
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Попис: Крајот на светот е одложен на неодредено време

„Заробувањето“ на јавноста во една перманентна негативистичка, црна, депресивна, непријателска, линч-атмосфера не користи никому, а им штети на сите. Пописот е одлична илустрација за тоа

September 16, 2021 06:45
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Се попишуваме. Надлежните од Државниот завод за статистика велат дека интензитетот е „посакуваниот“, а дека потешкотии не се очекуваат до крајот на целата операција.

Тоа ви е така во Македонија: со месеци закрвавени полемики, жестоки партиски препукувања, милион оф-леле-статуси по фејсбук и твитер, по две-три опозициски катаклизмични најави дневно… А, потоа, сѐ си тече според планот. На оние, малкумина, кои одбиваат да се попишат, им пристапува и државен инструктор, па и тие, со малку „квалификуван“ разговор и дообјаснувања, прифаќаат да ги дадат своите податоци. Токму како што треба во една цивилизирана, демократска држава. Вчера слушнавме дека некој барал да биде попишан од невакциниран попишувач – па, и тоа барање му го задоволиле!

Да не се разбереме погрешно: демократската дебата не само што е нормална, туку е и неопходна за важни (и помалку важни) општествени проекти и процеси – без тоа нема корекција на оние кои владеат со земјата. Но, „заробувањето“ на јавноста во една перманентна негативистичка, црна, депресивна, непријателска, линч-атмосфера не користи никому, а им штети на сите.

Пописот, имено, е одлична илустрација за ова: без значајни компликации, до викендов ќе се попише половина нација, и „предавниците“ и „патриотите“ ќе бидат уредно регистрирани. ДСЗ инсистира граѓаните да ги легитимираат попишувачите и, доколку сакаат, да проверат што е запишано во пописниот лист. Предвидувањата се дека никакви посебни и големи изненадувања во статистиките нема да се случат, а долго одложуваните пописни податоци ќе помогнат во многу области за уточнување на државните и други политики.

Така, барем за Пописот, „крајот на светот“ е одложен на неодредено време.

Но, затоа допрва се отвора „бездната“ на општата национална пропаст за локалните избори. До официјалниот почеток на кампањата има уште две недели, иако вревата за да-нѐ-биде или да-не-нѐ-биде се тркала со месеци. За среќа, заради предизборните меѓупартиски меѓуетнички коалиции и взаемни тактички поддршки, поштедени сме од големите, херојски, национални наративи, а препуштени сме на препирките и кавгите како да сме во мрачните сепареа на пабот на „Пики Блајндерс“: досегашните градоначалници се неспособни мафијаши кои му мислеле само лошо на општинското граѓанство; оние што сакаат да ги заменат се надежта за светлата општинска иднина. Впрочем, како и на минатите локални избори.

По објавувањето на изборните резултати, пак, сите ќе слават! Победа ќе прогласат сите партии и коалиции, бидејќи резултатите, според сите предвидувања, ќе бидат такви што за секого, некаде, ќе има по нешто. Во партиските штабови ќе се вијат ора со зурли и тапани, а колективната психо-терапија по социјалните мрежи наголемо ќе ликува и колне…

Како со Пописот, така и со локалните избори, и тој „крај на светот“ ќе се одложи на неодредено време. Животот ќе си продолжи таму каде што сме го оставиле пред изборниот молк.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ