• Latest

Поради неспособност на надлежните, граѓаните бараат укинување на патарините!

January 19, 2017
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Поради неспособност на надлежните, граѓаните бараат укинување на патарините!

January 19, 2017 14:12
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Веќе втора недела, граѓан(к)ите во Македонија, кои не се согласуваат со политиката за плаќање на патарина имаат можност да ја потпишат онлајн петицијата за „Укинување на патарините во Македонија“.

Иницијатор на петицијата е „Влад Гостивар“, односно, граѓанинот Владимир Наумовски. Како причина за ваквиот негов потег и за објавувањето на петицијата, тој наведува:

„Укинување на патарините и воведување на ‘Вињета’ би го олеснило движењето по македонските патишта. Исто така, драстично би се намалиле неподносливиот метеж на наплатните рампи, особено во периодите кога низ државата транзитираат туристи. Локалните патишта би се растеретиле од возила и камиони кои луѓето ги користат како алтернатива, со цел да заштедат со неплаќање патарина. Вработените во патарините би се прераспределиле како контролори и продавачи на вињети, и со добро конципиран систем Македонија ќе стане главна крстосница на Балканот“.

Петицијата до овој момент ја потпишале повеќе  од 3.000 граѓан(к)и. Потребни се 10.000 потписи, за иницијативата да се достави до Собранието, со цел да се обезбеди поддршка и од пратениците.

Потписниците на петицијата споделуваат различни причини зошто решиле да ја потпишат. Дел од нив сметаат дека сумата која мора да ја одвојат за да платат патарини е преголема, а и покрај тоа патиштата се во лоша состојба.

Останатите сметаат дека со укинување на патарините ќе се намали времето на чекање и застојот на патарините.

Прашањето за логиката на плаќањето на патарини, стана особено актуелно откако 2017-та година македонските граѓан(к)и ја  започнаа заглавени на патиштата низ Македонија, поради врнежите од снег кои го зафатија регионот. Покрај тоа што, како што беше најавено, службите задолжени за одржување на патиштата, неколку денови пред првите врнежи беа подготвени за најавеното невреме, сепак, голем број на патници останаа по неколку часа заглавени на планинските превои на кои неколку пати беше воведувана и забрана за товарни возила. Но, и на самите наплатни пунктови, како примерот со „патарината“ кај Велес. Граѓан(к)ите постојано на социјалните мрежи коментираат и се жалат за состојбата со патиштата, потенцирајќи дека надлежните служби, и овој пат, по којзнае кој пат „се изненадени“ од снегот во јануари, не одговориле на висина на својата задача.

Според податоците објавени во дел од медиумите, „за ангажирање на механизација за чистење на улиците и патиштата од снег, како и за набавка на индустриска сол и ризла, во зимската сезона 2016-2017 година, државните институции ќе потрошат околу 322 милиони денари, односно над 5,2 милиони евра“!

За зимско одржување на регионалните и магистралните патишта ЈП „Македонија пат“ ќе потроши три милиони евра. Иако работењето на државните и локалните јавни претпријатија чија основна дејност е токму одржувањето на патишта и на улици по градовите, редовно се финансира од буџетот, значи, со пари на граѓаните, според 57-те тендери за одржување на патиштата и на улиците во зимската сезона 2016-2017 година, дополнително, за користење на механизација и на работници од приватни фирми ќе се потрошат дури 3,7 милиони евра, а набавката на индустриска сол и ризла за истурање по патиштата и улиците ќе чини 1,6 милиони евра!

Граѓаните-потписници на петицијата, кои досега сакале-не сакале, редовно плаќале патарини, не сакаат и понатаму да плаќаат и да остануваат завеани на патиштата!

Tags: „Македонија пат“МакедонијапатаринипатиштапетицијаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ