• Latest
Добро утро со Орданоски

Порака до Путин: Смотани сме, ама со к’смет!

March 21, 2018

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
Илустрација: ВИ

Црна Гора на чекор до ЕУ: 2028 како цел, Хрватска како главна пречка

November 4, 2026

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Порака до Путин: Смотани сме, ама со к’смет!

March 21, 2018 07:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Ц[/dropcap]иниците би рекле, конечно добри вести од Русија: официјалните закани на Москва кон Македонија сведочат дека нашата интеграција во НАТО се одвива во позитивен правец, со брзина којашто влегува во некаков претпоставен финиш, неповолен за геополитичкиот резон на Русите на Балканот.

За оние кои не разбираат, да преведеме дека од Русија најавените „негативни последици за регионалната безбедност“ и оние врз „билатералните односи“, во практика, значи дека Москва го вклучува „зеленото светло“ за дестабилизација на Македонија. „Од тука натаму“, ни велат Русите со заканувачки дипломатски речник, „сè што ќе ви се случи, самите сте си го барале!“

Бидејќи сега и најофицијално знаеме дека сака, прашањето е колку може Русија, реално, низ Македонија, да ја блокира нашата намера за влез во НАТО? Покрај постојаните антизападни пропагандни активности во земјава, имаат ли Русите теренски оперативни ресурси овдека за наша политичка и безбедносна дестабилизација?

Такви податоци не се во доменот на јавните информации, но некои работи можат да се претпостават. На пример, не би било за изненадување да се оди на тоа внатрешно-политичката состојба толку да се „расклати“, што на НАТО да му биде неодржливо да нè покани и верификува во својата безбедносна алијанса. Во таа смисла, за очекување е дека главната точка на обидот за дестабилизација ќе бидат македонско-албанските односи. Таа област е безброј пати потврдена како доволно потентна за емотивни и политички манипулации, на кои наивните се „лепат“ како муви на лепешка. Тоа, во комбинација со „болката за името“, е идеална рецептура за дестабилизација!

Не би требало да има изненадувања и околу политичкиот, партискиот, етничкиот, образовниот, статусниот или некој друг бекграунд на пропонентите на обидот за дестабилизација – ќе се најдат во тоа и Албанци и Македонци и академици и пратеници и новинари и спортисти и учени и без школо и владини и невладини и бивши и сегашни, од претседателот на државата, па надолу… (Кој го спомна претседателот на државата?!)

Додуша, сличен план во Црна Гора веќе пропадна (со малку среќа за Црногорците, бидејќи таму се случи правовремена „провала“ меѓу руско-српските пучисти, што доведе до потполно осуетување на подготвената егзекуција на превратничкиот план). Некои проценки говорат дека руските дестабилизирачки капацитети во Македонија се, сепак, далеку поскромни од оние што им беа на располагање во Црна Гора.

Но, „Мечката“ не треба да се потценува. Им треба на Русите таа балканска оска на нестабилност, од Македонија, преку Косово, Санџак и Босна, до Република Српска. Па, иако Путиновиот режим знае да „пука“ и повисоки цели од објективната сила со која располага, факт е дека одамна не мавтаат наоколу само со икона и секира. Гледаме дека, во глобални рамки, нивната комбинација на развиена технологија, заканувачка сила, нешто пари и многу бескрупулозна пропаганда, со правилно избрани локални сојузници, знае да го даде посакуваниот дестабилизирачки ефект.

Друга работа е што и ние, па, сме многу тешки за дестабилизирање, џанам! Да нè дувнеш, настинка фаќаме; ластик да ни удриш, во кома паѓаме; да ни прднеш, половината одма се отрувме! Ние и без Путин доволно сме самите смотани за да си го блокираме патот за НАТО. Со овие политички водства сега, можеби повеќе од кога и да било.

Единствено што на балкансково буниште сме фрлени со троа к’смет, па сè, некако, се провлекуваме низ иглени уши. Така ќе биде и овој пат, тавариш Путин, во името на македонско-руското пријателство!

 

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ.

Tags: безбедностдестабилизацијамеѓуетнички односиНАТОПутин
Share201TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ