Полиците за леб во продавниците зјапнаа празни по одлуката на Владата цената на векна бел или полубел леб да се замрзне на 33 денари и да се укине субвенционираната струја за прехранбената индустрија.
Компаниите ги користат сите придобивки од мерките на Владата, но тоа не им пречеше да ги креваат цените и да ги дуплираат своите профити. Кога Владата реши да му стави крај на тоа, нивната порака ја видовме на полиците во продавниците.
Пораката е примена и преку објективот на Ариан Мехмети (ЦИВИЛ Медиа) на чија фотографија се гледаат и цените на лебот пред популарната мерка на Владата – лебот чинеше од 60 денари нагоре.
РЦМ