• Latest

Поразот како судбина

February 1, 2018

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Поразот како судбина

February 1, 2018 08:15
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Тврдокорните“ и останатите патриотски здруженија ќе протестирале пред Метју Нимиц и нема да дозволат Македонија во спорот за името да биде поразена. На помош во битката за името им се придружува и Обединета македонска дијаспора и други патриотски здруженија на нашите иселеници во светот.

Пишува: Перо Наумовски

Не даваат Македонија да биде поразена, а Македонија од осамостојувањето до сега стана синоним за пораз. Поразите станаа и една од основните белези на нашиот идентитет. Македонија почна со порази и во поразите е доследна до ден денешен. Ги изгуби скоро сите битки.

Ја изгуби битката за правична приватизација, ја изгуби битката за борба за социјална правда и човекови права, ја изгуби битката за правна држава иако има 25 правни факултети, ја изгуби битката за справување со сиромаштијата и невработеноста иако има 25 економски факултети, ја изгуби битката со организираниот криминал и корупција, ја изгуби битката за независно судство, ја изгуби битката со државната бирократија, ја изгуби битката со монополите,  ја изгуби битката со заштита на животната средина ,ја изгуби битката за одржлив економски развој, ја изгуби битката младите да не ја напуштаат масовно државата, ја изгуби битката со бугарските пасоши и така можат да се редат пораз до пораз па дури и во спортот, замислете немаме ниту еден спортист што остварил олимписка норма.

Па добро ќе рече некој има и исклучоци. Точно има. Но, само како потврда на правилото дека поразите ни станаа секојдневие и константа и народот веќе отрпна на нив.

Е сега, откако се помиривме со сите горенаведени порази, сега не го даваме името и нема да дозволиме уште еднаш да бидеме поразени и понижени.

Отишол коњот ама оглавот не го даваме.

Овие „Тврдокорниве“, патриотските здруженија, оние кои се чувствуваат како антички Македонци, овие од ОМД кои и самите се дел од големите порази на Македонија, не знае човек дали да ги жали или да ги презира.

Нивните крокодилски солзи над судбината на Македонија нема да помогнат да се прокнижи уште еден голем пораз за Македонија. Сега барем со новото име ќе бидеме губитници со тапија која ќе важи и во земјава и во странство.

И се така до следниот пораз!

Tags: имеМакедонијапатриотипораз
Share34TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ