• Latest

Посилни од популизмот

January 16, 2021
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025

Мерц им порача на САД да се држат настрана од германската политика пред првиот телефонски повик со Трамп

May 8, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали се чувствувате како Европјани?

May 8, 2025

Зголемени затворските казни за дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“

May 8, 2025

Европа одбележува 80 години од победата над фашизмот

May 8, 2025

(РЕПРИНТ) 9 мај, еден Ден по победата во Европа над фашизмот

May 8, 2025
Војо Маневски

Помина една година, реформи нема, а ние чекаме

May 8, 2025

ЕП го усвои извештајот за Србија: Замерки за владеењето на правото, политичкиот дијалог, борбата против корупција, (не)усогласување со надворешните политики на ЕУ

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Посилни од популизмот

January 16, 2021 08:33
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Емилија Попоска

Како да си ги објасниме мотивите на Бугарија за нивното вето? Како да ги разбереме со зрелост и сталоженост константните коментари и напаѓања од страна на челните лица на Бугарската политика дури и во најтешките моменти на пандемијата во која на сите ни е потребна помош и солидарност?

Имено, во политиката како и во животот, кога сме емотивно поврзани со одредено сеќавање, верување или информација, прво ја губиме способноста за објективно расудување кога чувствуваме дека тие се нападнати. Втората реакција која следи е да се поставиме во дефанзивна позиција, и да се спремиме да го возвратиме ударот. Некој преку коментари на социјалните мрежи, некој преку протестирање, некој преку ширење на популизам, некој преку градење споменици. Заради тоа, за нас е нужно емотивно да се дистанцираме, и изјавите да ги доживуваме како тоа што всушност се: популистичка, предизборна, празна реторика која за жал се материјализира во непромислена одлука која привремено ни штети. Единствено на тој начин, ќе и пркосиме на целта на популистичката реторика, а  тоа е: да креира „ наши и ваши“,  односно да посочува кој е „непријателот“ од кој  тие ве штитат. За Орбан и Дуда тоа се мигрантите, за Јанша тоа се комунистите, за Захариева се Тито и Југославија, за Борисов ромската популација во Бугарија итн.

Светот кој го презентираат е црно бел, затоа што така е полесно да бидат глорифицирани, повторно избрани и полесно да ги сокријат нивните грешки и против законски активности.  На пример, Борисов се најде во средиштето на корупциски скандал поткрепен со слики и телефонски разговори во текот на летото на кои одговори дека се иницирани и исценирани и водени од странски интереси (читај Русија). Секако, со популизмот, доаѓа и до нивелирање на плурализмот, односно доаѓа до една перверзна стратегија преку која не бираат средства со кои ќе ги убедат гласачите дека тие се единствените кои нив ги застапуваат. Заради тоа доаѓа до само-идентификување на нивната персона со државата, односно доколку се критикува нивното водење, всушност се критикува сопствената држава и се класифицира како не-патриотски акт.

ТИМБРО индексот на популизам бележи тренд на раст на десно-ориентираниот популизам во Европа, кој во последните дваесет години двојно се зголемил и е речиси изедначен со моменталните поддржувачи на социјалната демократија. Бугарија е една од државите каде се шири десно ориентираниот популизам.  Како изгледа популизмот преку пример? Доколку го земеме примерот на Полска, бројни истражувања од нивните внатрешни експерти со години посочуваа на кревкост на демократијата, нестабилност на законите за спроведување на избори, неефективност на судскиот систем кои доведоа до разочарување на граѓаните од демократијата, уште пред земјата да стане дел од Европската Унија. Таквото незадоволство е поволно тло за популизам кој што особено започна да расте по кризата во 2008 година. Сè тоа резултираше, оваа година Полска заедно со Унгарија, да го блокира Европскиот буџет заради воведувањето на механизмот на владеење на правото, преку кој правото за придобивање средства од Европската Унија би било поврзано со успешноста на владеењето на правото (што драстично опаѓа во двете држави). Нормално, ветото на буџетот на гласачите е пренесено како „ патриотизам“, а Европската Унија е класифицирана како непријател кој го ускратува  црпењето на средства заради нешто толку „тривијално“ како што е владеењето на правото.

Каде е Бугарија во оваа сложувалка?  Бугарија е најлошо рангирана држава во однос на корупцијата во ЦИЕ и низ годините ситуацијата воопшто не се подобрува. Главниот проблем на кој посочува Европската Унија е недостатокот на успешни конкретни резултати во борбата со високата корупција што резултира во нефункционирање на нивните институции и ниската доверба во граѓаните на истите. Во октомври 2020 година, Европскиот парламент посочи на влошување на слободата на медиумите, владеењето на правото и демократијата во Бугарија за време на владеењето на премиерот Бојко Борисов, што не помина незабележано од илјадниците граѓани кои секојдневно протестираа од јули. Парламентот исто така посочи на злоупотреба на ЕУ фондовите,  оштетување на правата на жените, Ромите, ЛГБТ заедницата и останатите малцинства во Бугарија.  Со протести пред портите и меѓународни критики за водењето на државата, Борисов бара излез и брза инјекција на „патриотизам“ со кој ќе направи граѓаните да заборават на пандемијата, изгубените работни места, константните корупциски афери и скандали барем до 28ми март, кога се закажани следните парламентарни избори.  Таа инјекција е ветото кон Северна Македонија и константните прозивки и провокации пред и по ветото. Анкетите посочуваат на тесна битка помеѓу ГЕРБ на Борисов и БСП на Нинова. Анкетите воедно посочуваат дека Бугарските граѓани се согласуваат со ветото, сè дури не се изнајде заедничко решение за историскиот спор со Северна Македонија. Тоа значи дека меѓу народите на двете држави постои крајна поларизација, и лидерите мораат да работаат на зближување, а не на дополнително провоцирање и подгревање на омраза. За сега трудот е едностран.

Кое е најдоброто решение за нас во моментов? Никако да не одговориме со популизам, како што беше случајот по Букурешкото вето за влез во НАТО и никако да не дозволиме да скршнеме од патот на Европските интеграции и да се фрлиме во само-изолација. Европската комисија во нејзиниот извештај за 2020 година посочи на средна спремност на државата за преземање на обврските за членство во Европската Унија, и посебно внимание мора да посвети на реформирање на администрацијата, борбата против корупцијата и натамошно реформирање на судството. Во наредната година пред сè приоритет ќе биде справувањето со пандемијата и санација на последиците кои ги остава врз економијата и и така кревкиот здравствен систем.

Што никако не смеат да си дозволат нашите политичари? Нестабилни и променливи изјави во однос на тоа за што смее, а за што не смее да се преговара како и променлива комуникација со медиумите во земјата и во светот. Изговореното „Не“, мора да биде цврсто и одлучно и основано на факти. Истото важи и за изговореното „Да“.  Eвропската Унија, чии основни вредности и чија политика на ширење е држена во заложништво од страна на најкорумпираната земја членка мора да заземе активен став. Факт е дека моменталната состојба во светот на Европската Унија и наметнува други приоритети, меѓутоа клучно е преку активниот став да ја одржи нејзината улога на стабилизатор и нејзината кредибилност и релевантност при решавањето конфликти. Европската Унија мора да биде свесна дека нејзината потенцијална незаинтересираност носи опасност од демотивирање на Северна Македонија да истрае на патот кон интеграцијата. А тоа е нешто што никому не му одговара.


Авторката е докторант на Факултетот за Општествени науки на Универзитетот во Љубљана каде посебно се занимава со истражување од областа на политичката и економската глобализација.

Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ