• Latest

Последно спомнување на Никола

December 25, 2017
Илустрација ВИ

ЕУ го казни Гугл со рекордни 890 милиони евра поради нарушување на конкуренцијата

July 24, 2026
Фото: Фронтлајн

Унгарија отвори истрага за заемот од една милијарда евра за Северна Македонија

July 24, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Вашингтон со нова царинска офанзива, ЕУ, Кина и Канада реагираат

July 24, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Затишје што не навестува ништо добро

July 23, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Ознаката PRESS може да значи смрт

July 23, 2026

ДЗР: Општините изгубиле речиси 48 милиони евра ненаплатени даноци и такси за пет години

July 23, 2026
Петрит Сарачини (фото: ЦИВИЛ)

Aјде да повториме: Зошто Албанците се навредуваат кога ги викаат „шиптари“?

July 23, 2026
Илустрација ВИ

Хутите отвораат нов фронт: Нападнати два саудиски танкери, продолжуваат американските удари врз Иран

July 23, 2026
Национален совет за евроинтеграции (Фотографија: Собрание на РСМ)

Рокас пред Националниот совет: Европската перспектива е жива, но без владеење на правото нема напредок

July 23, 2026

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Последно спомнување на Никола

December 25, 2017 09:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Шутка не ти бега Никола“ е она што следи.

И би Конгрес. И го избраа единствениот Никола после Никола. Демократски. Всушност тоа е нивни проблем. Како и зошто вака избираат „слободно“ и „по своја волја“ самите нека анализираат длабоко темелно а богами како ми личи и долгогодишно. Напразно.

Пишува: Денис Јанкуловски

Ние од другата страна долги години укажувавме на диктатурата во обид или можеби донекаде и применета. Укажувавме дека Никола Груевски не е ништо друго до олицетворение на Ѓаволот кој сета своја злоба решил да ја практикува врз своите, оние од кои потекнува. Но тие, ние не сме биле во своите. Неговите биле братучедите Мијалкови и мајка му Нада. Се останато што сметало дека е на негова страна било само орудие преку кое овие криминалци решиле да украдат се, ама баш се во државава, да уништат се ама баш се што функционираше пред нивното устоличување на мафијашкиот престол. А користејќи го тоа орудие тој се изживуваше врз нас. Нас. Тоа сме сите оние кои размислувавме различно макар и за најмала работа. Резултатите на тоа единаесет годишно изживување ги согледуваме во последниов период, но и ги знаевме во сите овие Шејтански години на опасно живеење. На неговата завршна сметка се запишани со големи букви Никола Младенов, Мартин Нешковски, малата Тамара, Смилковско езеро како најзлосторнички, потоа изживувањето со Томислав Кежаровски и неговата фамилија, сите починати бебиња и родилки заради лекарски грешки, сите оние скриени виновници за сообраќајки со смртни последици. Списокот се надополнува со уништените семејства со бркања од работа заради различно размислување, градежната мафија, казните на дуќани и фирми заради неприфатен рекет со илјадници суми, грабање на земјиште, фабрики во класичен криминален начин. Секако не смее да се заборави уништувањето на Образованието и голем број генерации, деморализирањето на војската и полицијата со искината и стара облека, железни кревети и прастари паштети.  Злоупотребите на службените позиции и возила.

Има уште милион „заслуги“ во неговата сметка. Мерцедесот, наочарите, патувањата околу светот за патарини. Начинот на насилно заканувачко директорување и шефување, казните за „ама јас не мислам дека…“. Секогаш кога мислам дека сум опфатил скоро се, знам дека има уште и уште. Твоето Премиерување или поточно кажано фамилијарно Мафијаштво не го собира во 10 книги. Значи во овие 11 години ние не видовме ништо добро. Ама ние. Не тогашните Министри, Пратеници и Директори. Аир видоа и шефовите и раководителите. Се офајдија и пониските, оние вработени кои работеа за твојата кауза а молчеа за илјадарче до две месечно плус. Сите беа поткупени само за да функционираат Никола и Братучедот. Толку.

Ние останатите се обидовме на неговите останати да им укажеме дека не се ништо туку само топовско месо па и овци кои кога – тогаш ќе ги отфрли ко партали, тие нас ни лепеа секакви етикети. Ама најжално е што дури ни тогаш не ги смислуваа самите. Повторно пастирот ќе им кажеше што треба да кажат. И тие само климаа со главата.

Затоа за крај ќе речам дека за се тоа што им се случуваше но и за ова околу и во Конгресот ама баш ми е гајле. Затоа што беа, останаа и ми личи дека ќе си бидат безимени, бескичмени, безгласни букви кои никогаш нема да соберат сили да речат Доста е. Затоа што и не им е доста. Тие сакаат вака да им трае. Затоа што и не знаат на друг начин да функционираат. И нека им е. Нивни проблем. Ќе си трпат или ќе си сркаат што си дробеле.

Од мене Збогум Никола. Од СЈО и ОЈО – Здраво Никола. Е тоа е убавината. Во 5 дена имаш премногу за тебе „Мој термин“ но и тоа малку ти е. Ти посакувам во 2018 да си многу чест гостин на Судовите но и што побрзо да влезеш со one way ticket во Шутка па Идризово. Да почувствуваш како ти си направил да им студи на твоите храбри пулени. Да ја осетиш онаа Неподнослива леснотија на постоењето.

Со ова писание завршува поглавјето лицето Никола Груевски. Следно негово спомнување е Осуденикот Никола Груевски. Че си лежиш и парите че ги вратиш 100%.

ШУТКА НЕ ТИ БЕГА НИКОЛА!!!

Од срце!!!

Tags: криминалНикола ГруевскиСЈОфамилијаШуткаШутка не ти бега
Share80TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ