УТРИНСКИ КОЛУМНИ
Проблемот на самата водечка опозициска партија е уште поголем, бидејќи таму би требало да има луѓе кои разбираат подобро од Арсовска за тоа какви се последиците ако, среде изборна кампања, ве фатат во крупна лага. Нивната кандидатка, од милозвучен билбил за промоција на „независност“ и „неутралност“, сега сѐ повеќе се „лепи“ на политиките и капацитетот на партијата, барајќи поддршка во нивната пропагандна машинерија да ѝ ја спасуваат кандидатурата „во пет до дванаесет“. Со тоа дополнително компромитирајќи ги сите оние кои застанаа во нејзина одбрана, од Христијан Мицкоски, па надолу. Не сум сигурен дали на ВМРО-ДПМНЕ, гледано во подолгорочен политички контекст, веќе ѝ одговара Данела Арсовска да победи на изборите за градоначалник на Скопје? Не за друго, некој ќе помисли дека начинот на надминување на проблемот со Бугарија е според рецептот сите да извадиме бугарски државјанства и да си ќутиме за тоа, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „ (М)оралното лажење е најстариот рецепт за губење избори”.
ИЗБОРЕН РАПОРТ
ЦИВИЛ ќе сподели нови податоци и анализи од мониторингот на изборите во 28-то издание на ИЗБОРЕН РАПОРТ во петок, на 29 октомври, со почеток во 12 часот. Преносот ќе се одржи од вообичаената локација, прес студиото на ЦИВИЛ во бизнис центарот „Палома Бјанка“, на 3. кат.
Најмногу три новинарски екипи, со претходна најава на мејлот [email protected] ќе бидат прифатени со физичко присуство. Другите заинтересирани можат да побараат линк од Зум на истиот мејл или по телефон 070 699 580.
Преземањето на видео преносот и сите текстуални содржини поврзани со изборите, објавени на civilmedia.mk (македонски), drejt.mk (албански) и civil.today (англиски) е дозволено целосно, според лиценцата Creative Commons 4.0 (линк до изворот).
ВАЖНИ НАЈАВИ И АКТИВНОСТИ НА ЦИВИЛ
МОНИТОРИНГ на www.civilmedia.mk за да се информираат навремено за сите активности во кои има простор за нивно учество.
ПРОДУКЦИЈА Тимот на ЦИВИЛ и Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА ќе имаат голем број средби и интервјуа со кандидатките и кандидатите на локалните избори.
АНГАЖМАН ЦИВИЛ е отворен за соработка и за ангажирање на новинар(к)и и асистент(к)и на проекти – до крајот на декември. Потребно е да се испрати биографија и мотивациско писмо на [email protected].
НАСТАНИ
ИЗБОРИ: Денес е последен ден од изборната кампања за вториот круг од Локалните избори. Изборниот молк започнува на полноќ и ќе трае, заклучно со 19.00 часот на 31 октомври.
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ: Светскиот ден на штедењето – 31 октомври ќе биде одбележан денеска со онлајн настан во организација на Македонската банкарска асоцијација (МБА). Одбележувањето ќе се одржи во хибриден формат, а ќе се обратат Маја Стевкова-Штериева, претседателка на Македонска банкарска асоцијација, министерот за финансии Фатмир Бесими, вицегувернерка на Народната банка Ана Митреска и директорот на Фондот за осигурување на депозити Амир Шабани.
САЕМ: Првиот Skopje Air Fair – Воздухопловно-едукативен саем за млади и ентузијасти заинтересирани за воздухопловство ќе се одржи утре, со почеток од 11 часот, во Градскиот Парк во Скопје, на локацијата Школка, во организација на здружението АВИКОН.
ОДБРАНА: Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе присуствува на редовните физички подготовки на дел од армиските единици кои се одвиваат на Воениот стадион-Скопје.
Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.
Д. Мишев