Предметот на Специјалното јавно обвинителство познат со име „Тврдина-Таргет“, за нелегалното прислушување, денеска ќе се најде во Kривичниот суд, во кој се обвинети 12 лица.
Се очекува денеска на обвинителната клупа да седнат: поранешната минстерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков. Меѓу обвинетите се и поранешните началници во УБК, Никола Бошковски и Горан Грујевски, за кој е одобрена екстрадиција од судот во Солун каде се наоѓаат во притвор.
Во овој случај меѓу обвинетите е и Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на екс-директорот на УБК, Мијалков.
Досега имаше едно рочиште, но тоа беше одложено поради отсуство на еден од адвокатите на Мијалков. Сега предметот ќе почне од почеток, бидејќи според новиот распоред на судот, повеќе нема да го води судијката Ленка Давиткова, туку Џанета Бегтовиќ.
Според обвинението за „Таргет“, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.