Кодексот за фер и демократски избори синхронизирано на пригодни церемонии ќе го потпишат сите кандидати за градоначалници во сите општини во Република Македонија и Градот Скопје. Кандидатите за градоначалници на градот Скопје, кодексот ќе го потпишат во седиштето на Државната изборна комисија
Со Кодексот за фер и демократски избори, учесниците на Локалните избори се обврзуваат и си ветуваат еден на друг, но и на сите граѓани на Република Македонија, дека ќе се придржуваат и активно ќе ги промовираат принципите на слободни и фер избори.
Учесниците во изборите со потпишувањето на Кодексот јасно изразуваат волја да го почитуваат избирачкото право кое е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање.