Од денеска, ЦИВИЛ воведува пракса на редовно следење на почитувањето на Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста, што подразбира и следење на преземените содржини од медиумската платформа на организацијата и една новост.
Новоста се состои во тоа што цената за неовластено преземање (делумно или целосно) на содржини од медиумската платформа на ЦИВИЛ се движи од 30.000 до 60.000 денари за една (1) содржина. Цената за неовластено преземање (делумно или целосно) на текстови од рубриката МИСЛА (колумни, анализи) е 60.000 денари.
Од денеска, ниеден текст од рубриката МИСЛА не е дозволен за преземање пред 12 часот на денот на објавување, односно пред времето што е означено во фуснотата под текстот.
ЦИВИЛ Тим за комуникации