• Latest
Фото: Thread

Пожар или пареа, автобусот е вон функција, а Скопјани без превоз

August 22, 2024

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пожар или пареа, автобусот е вон функција, а Скопјани без превоз

August 22, 2024 13:39
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Фото: Thread

Фото: Thread

Share on FacebookShare on Twitter

Јавно сообраќајно претпријатие Скопје излезе со демант на фото-веста објавена на порталот skopje1mk на која се гледа расипан автобус на ЈСП Скопје, за кој се вели дека бил зафатен од пожар.

Во соопштението, ЈСП Скопје најостро го демантира како лажна вест текстот на порталот насловен skopje1mk, изнесувајќи дека  содржината изнесена во текстот, во која се  подвлекува дека „Утрово пред Бит пазар, се запали уште еден автобус“, не е проверена.

Од ЈСП ја сметаат за тенденциозна намерата да се претстави дека постојано имаме случаи на запалени автобуси по скопските улици, земајќи го предвид фактот дека просечната старост на автобусите е 13 години и оттука произлегува потребата за набавка на нови автобуси во возниот парк на ЈСП. Имено, станува збор за пареа, а не како наведеното дека се работи за пожар. Во истиот момент кога се случил дефектот (скинато црево за антифриз), возачот реагирал исправно по што бил спремен и го извадил ПП апаратот, но не го употребил, велат од ЈСП и бараат од порталот демантот да биде објавен во целост, а текстот за којшто се однесува, да биде повлечен.

На порталор skopje1mk денес се појави фото – вест дека утрово пред Бит пазар, се запали уште еден автобус. Навремената реакција по чадот од моторот – спречи катастрофа. Возачот излезе со две противпожарни боци со кои превенираше поголема катастрофа. Секојдневие по скопските улици стана да се гледаат расипаните автобуси. Речиси да нема ден, а да нема автобус кој со сервисна служба се шлепа до базите во Ѓорче и Автокоманда. Со ова се отвора прашањето: дали Скопје има безбеден превоз?

Веста од порталот беше поткрепена со 2 фотографии на кои се гледа расипаниот автобус со отворен поклопец од моторот и поголема количина непозната течност истечена на асфалтот под него.

Дали се работи за пареа или пожар, тоа засегнатите граѓани на СКопје не ги интересира, бидејќи автобусот секако е расипан и вон употреба, а Скопјани треба да се снаоѓаат во и онака редуцираниот број автобуси со кои располага ЈСП Скопје.

 

Post by @skopje1mk
View on Threads

 

Автобусот е дел од набавката на кинески двокатни автобуси која до 2013 година ја реализираше Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од кинескиот производител Јутонг, кој набрзо потоа престана да постои , а јавното обвинителство за за организиран криминал и корупција покрена обвинение против поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и екс-директор на ЈСП и актуелен секретар на Владата, Игор Јанушев, и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и против уште две лица за набавката на кинеските автобуси.

Драган Мишев

Tags: демантзапален автобусЈСП Скопје
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ