Политичките партии секојдневно се конфронтираат за разни прашања кои ја засегаат јавноста. Таа меѓусебна комуникација, но и обраќањето кон јавноста зборува за нивната политичка култура.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за начинот на кој партиите комуницираат меѓу себе и со јавноста?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Редакција ЦивилМедиа