• Latest

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Серафимовска со навреди кон Бошњаците – „Вие имате збунет идентитет, не знаете што сте“

July 17, 2022

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ГОВОР НА ОМРАЗА

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Серафимовска со навреди кон Бошњаците – „Вие имате збунет идентитет, не знаете што сте“

Пратениците Шкријељ и Рамчиловиќ велат дека не чувствуваат потреба никому да докажуваат кои и што се и не бараат од пратеничката да се извини, туку тоа треба да го направи ВМРО-ДПМНЕ и да се огради.

July 17, 2022 10:04
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ јавно да се извини и да се огради од својата пратеничка Велика Стојкова-Серафимовска за искажани навреди кон Бошњаците, бараат пратениците Санела Шкријељ и Зеќир Рамчиловиќ од СДСМ. Нивното барање е откако Стојкова-Серафимовска од собраниската говорница на седницата на 16.07.2022 обраќајќи и се Шкријељ рече дека има „збунет идентитет“ и „не знае што е“.

“… Ќе добиете деца и младина и иднина со збунет идентитет, каков што е Вашиот идентитет колешке, очигледно Вие сакате да имате наследници како Вие што сте во моментов, и нашите поколенија и нашите генерации да не знаат што се, да не знаат што се како вие што не знаете што сте”, рече пратеничката Стојкова Серафимовска, (аплауз од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ).

„Согласно Деловникот за работа не беше во можност да се јави никој за реплика (ниту јас, ниту Санела Шкријељ), но на овој начин сакаме јавно да реагираме и да го осудиме навредливиот говор кон Бошњаците на пратеничката Велика Стојкова Серафимовска која преку директно обраќање кон пратеничката Шкријељ го покажа својот став кон Бошњаците!“, вели Рамчиловиќ.

Шкријељ и Рамчиловиќ велат дека не чувствуваат потреба никому да докажуваат кои и што се и не бараат од пратеничката да се извини, туку тоа треба да го направи ВМРО-ДПМНЕ и да се огради.

„Не чувствуваме потреба никому да докажуваме кои сме и што сме, и нема да ја повикаме пратеничката да се извини, таа го кажа своето за што доби и аплауз од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, но упатуваме јавна реакција и барање до партијата ВМРО ДПМНЕ да се извини и да се огради од кажаното доколку има демократски капацитет и го почитува Уставот и законите на Република Северна Македонија“ велат двајцата пратеници во реакцијата.

Веруваме, додаваат тие, дека говорот на Стојкова-Серафимовска не е партиски став на ВМРО-ДПМНЕ, но порачуваат дека во зависност од партиската реакција за говорот на пратеничката ќе зависи и односот на Бошњаците кон партијата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ