• Latest

Пратениците поделени за одговорноста на Иванов

June 13, 2016

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пратениците поделени за одговорноста на Иванов

June 13, 2016 21:56
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска не се појави во Собранието, за пред пратениците да ја објасни својата одлука за аболиција на 56 лица против кои се води кривична постапка. Оваа негова одлука беше причина за покревање на постапка за утврдување на неговата одговорност. 

Untitled

Пратениците од власта и од опозицијата со спротивни ставови во врска со импичментот за Иванов. СДСМ побара оставка од претседателот, и парламентарни избори наесен, кои ќе се одржат заедно со претседателските.

„Иванов треба да сноси одговорност за злоупотребите во својата функција. Амнестијата е во надлежност на Собранието, а не кај претседателот. Со тој упад во работата на Собранието, тој го прекрши Уставот. Аболицијата ја направи надвор од законските норми, со укинат член уште во 2009 година”, појасни Рената Дескоска, образложувајќи го предлогот за импичмент на Иванов.

xcv

Претседателот на Комисијата која требаше да ја оценува основаноста за покренување на постапката, Зоран Илиевски, соопшти дека за Комисијата – предлогот не е основан. Комисијата е составена од 11 членови, во која мнозинство се пратениците од владејачката партија.

Одлуката за почнување постапка пред Уставниот суд за утврдување на одговорност на претседателот, треба да ја донесат  две третини од вкупиот број пратеници, односно, најмалку 82 пратеника. Се очекува расправата да трае долго, затоа што се пријавени за збор 80 пратеници.

13055765_955247861260350_2218074716732916159_o-470x246

Покрај тоа што предизвика покренување на постапка за одговорност на Иванов, одлуката за аболиција е причина и за двомесечните протести на Шарената револуција, кои во форма на протести, блокади и герила-акции се одвиваат на улиците на градовите низ Македонија од 12-ти април.

ЦМ

Tags: Ѓорѓе ИвановимпичментМакедонијапратенициСобраниеЦивилшарена револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ