• Latest
Фотографија: Робер Атанасовски

Право на референдум и право на бојкот

August 9, 2018

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Право на референдум и право на бојкот

August 9, 2018 16:40
in СЛОБОДНА ЗОНА
Фотографија: Робер Атанасовски

Фотографија: Робер Атанасовски

Share on FacebookShare on Twitter

Референдумот е право. Право на граѓаните да кажат што мислат за одредена работа од важност за поголем број граѓани. Референдумот е можност за влијание. Можност граѓаните да бидат информирани за одредена одлука на власта, можност да се согласат или да не се согласат со таа одлука, можност да извршат притисок врз власта да донесе или да не донесе одредена одлука. Референдумот е акт на непосредна демократија. Акт на директно изјаснување без посредници. Акт на  остварување на суверенитетот во неговото уставно значење како:  неделив, неотуѓив и непренослив.

Пишува: Мирјана Најчевска

Донесена е одлука за одржување на референдум на кој ќе биде поставено прашањето: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“?

Очекувано е да има луѓе кои позитивно би одговориле на прашањето (од најразлични причини) и луѓе кои би одговориле негативно (од најразлични причини). Она што не е вообичаено е бојкотирање на референдумот и откажување од сопственото право. Тоа не значи дека луѓето немаат право да бојкотираат или дека заради тоа треба да бидат казнети. Едноставно, се поставува прашањето: зошто некој би го бојкотирал референдумот?

Според мене можат да се издвојат  8 групи луѓе кои од различни причини би го поддржале бојкотот на референдумот.

  1. Прва група – сеедно ми е што се случува, сите се исти, гајле ми е за се… Луѓе кои едноставно не се заинтересирани за случувањата во пошироката заедница, вообичаено не излегуваат на избори и не учествуваат во било какви активности поврзани со пошироката заедница. Овие луѓе најчесто не се партиски ориентирани.
  2. Втора група – не верувам во Избирачкиот список. Луѓе кои мислат дека со непрочистен Избирачки список не може да се изведува референдум, бидејќи секој резултат ќе биде сомнителен. Кон оваа група можат да се приклонат припадници на различни партии, меѓутоа во моментот би очекувала тоа да биде изговор пред сѐ на членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ кои намерно или ненамерно забораваат дека актуелниот Избирачки список е продукт на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и дека и евентуални вонредни избори повторно би се изведувале со непрочистен список.
  3. Трета група – не верувам во ДИК и нејзините способности да изведат вака сложена постапка. Луѓе кои се свесни за ограничените капацитети на оваа институција и кои немаат верба во моралните, интелектуалните и/или професионалните карактеристики на членовите на ДИК.
  4. Четврта група – знам дека ќе изгубам. Тоа се членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и/или на идеолошките вредности на ВМРО-ДПМНЕ што веруваат дека мнозинството граѓани би гласале позитивно на поставеното прашање и бојкотот го гледаат како начин на опструирање на спроведување на волјата на мнозинството.
  5. Петта група – се плашам. Тоа се луѓе кои живеат во страв од реперкусиите на ВМРО-ДПМНЕ и објективно се плашат дека бојкотот ќе овозможи точно регистрирање на сите оние кои ќе се спротивстават на волјата на ВМРО-ДПМНЕ и кои лесно можат да бидат издвоени и санкционирани при евентуална промена на власта.
  6. Шеста група – да не го формулиравте вака … Тоа се луѓе кои секогаш изнаоѓаат изговор и кои секогаш тврдат дека можат подобро сѐ додека не дојдат во ситуација кога навистина може нешто да направат. Во тој момент некој им ги врзува рацете. Тоа се истите оние кои како малечки сакале да бидат селектори на националната  репрезентација и кои  совршено знаат како да го состават националниот тим со странски спортисти.
  7. Седма група – немам појма за што станува збор, ама знам дека сите се исти. Тоа се луѓе кои не знаат што пишува во Договорот со Грција, немаат и не сакаат да добијат информации за тоа што се добива, а што се губи со овој договор, меѓутоа имаат многу цврст став дека ништо не може да се промени, а ако се промени сигурно ќе биде на полошо.
  8. Осма група – Левица. Тоа се луѓе кои ме оставаат без текст.

Во секој случај, бојкотот на референдум е одреден вид на саботажа. Бојкотот на референдумот  овозможува евидентно МАЛЦИНСТВО ДА ЈА ДИКТИРА ВОЛЈАТА НАД МНОЗИНСТВОТО ГРАЃАНИ И ДА ГО ОНЕВОЗМОЖИ ФАКТИЧКОТО ПРАКТИКУВАЊЕ НА НЕПОСРЕДНАТА ДЕМОКРАТИЈА КАКО ПРАВО НА ГРАЃАНИТЕ.

 


фотографија во прилог на текстот: Роберт Атанасовски

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: бојкотВМРО-ДПМНЕДИКдовербаизбирачки списокЛевицаправореферендум
Share702TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ