• Latest

Пред избори се вработуваат службеници, по избори директори

June 21, 2018
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пред избори се вработуваат службеници, по избори директори

June 21, 2018 14:35
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 86 проценти од вработувањата во институциите пред изборите се службеници, додека 94 проценти од вработувањата по изборите се директори, покажува истражувањето „Процедурите на вработување во администрацијата на централно и локално ниво по изборите“ на Платформата на граѓански организации за борба против корупција.

Според Миша Поповиќ, од Платформа на граѓански организации за борба против корупција, во Македонија има општа согласност дека принципот на вработување е врз политичка припадност, а не врз систем на заслуги.

– Без разлика дали ја имаме праксата или не. Самата перцепција на граѓаните дека тоа постои и тоа се правилата на игра создаваат очекувања на граѓаните и тие се прилагодуваат на тие правила на игра. Се создава поволна почва за клиентелизам во општеството, смета Поповиќ.

Заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески, рече дека ваквите истражувања се важни за воспоставување одговорна, деполитизирана и транспарентна локална администрација, бидејќи ја покажуваат вистинската слика за јавната администрација.

– Администрацијата на локално ниво од 2005 година е двојно зголемена. Според последните податоци, локалната администрација брои околу 6.000 вработени и тоа нема да беше проблем ако беа најдобрите и највредните во општеството. За жал, сите сме свесни до кој степен е политизирана јавната администрација во последните 12 години. Тоа ја зголеми недовербата во системот кај граѓаните, рече Павлески.

Посочи дека постоењето на професионала и добро обучена јавна администрација е неопходна за исполнувања на барањата на граѓаните за квалитетни услги, а тоа може да се постигне само со надградба на сопствените позитивни искуства со принципите за добро управување во јавниот сектор на ЕУ.

Истражувањето е во рамки на проектот „Јакнење на Платформата на граѓански организации за борба против корупција“ поддржан од Проект на УСАИД за граѓанско учество.

Анализата е поделена на квалитативен дел со пет фокус групи и квантитативен дел на примерок со вкупно 58 државни и јавни институции на територија на Р. Македонија, од сите осум региони и 33 поголеми општини во периодот февруари-април 2018 година.

Резултатите покажуваат дека постојат два главни феномени во перцепцијата на испитаниците за процесот на вработувањето во администрацијата. Прво е негативниот стереотип на чувство на безизлезност и незадоволство од партиски вработувања и непотизам во администрацијата, а вториот е чувство на скромна надеж дека со промена на власта ќе се придвижат работите на подобро.

Резултатите од фокус групите покажуваат дека не е проблем дали постои транспарентност и законитост во постапките, но дека не е тоа доволен показател дека навистина не постојат манипулации во процесот на вработување. Така, за 66 проценти од испитаниците процесот на вработување е транспарентен, додека 79 проценти од испитаниците рекле дека правилно се спорведува постапката. Сепак, најголем дел од испитаниците сметаат дека проблемот е систематизацијата на работните места и однапред прилагодување на јавните огласи. (МИА)

Tags: администрацијаанализавработувањедиректориизбориМакедонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ