Она што беше инцидент во 2008 година се повтори во 2011, 2014, 2016, а во тековната 2020 година, и покрај одложувањето на изборите од првичниот датум определен на 12 април поради вонредната состојба, повторно ќе се одржат предвремени парламентарни избори. Ваквата состојба не е одраз на „високата демократска свест и политичка храброст“ (како што беше оценето од повеќемина пратеници за време на расправата за донесување на одлука за распуштање на Собранието во 2008 година), туку многу повеќе е одраз на политичката нестабилност и суштинскиот демократски дефицит на нашиот политички систем.
д-р Александар Љ. Спасов
– цитат од анализата „Предвремените избори не се (секогаш) навремени избори“, објавена на ЦИВИЛ МЕДИА, јуни, 2020 година.