ВЕСТ НА ДЕНОТ: Пристигна дел од брзите тестови за коронавирус, тестирањето ќе биде бесплатно
Министерството за здравство соопшти дека денеска се пристигнати 3000 тестови, дел од донацијата од 13000 брзи тестови, кои се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираните е присутен вирусот КОВИД-19, и истите ќе бидат бесплатни за граѓаните.
Останатиот дел од тестовите ќе биде испорачан до среда.
„Овие брзи тестови се бесплатни за граѓаните, а истите ќе бидат распоредени низ 13 те болници во државата, во Клиниката за инфективни болести во Скопје, Болницата 8 Септември, Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле и ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и туберкулоза-Скопје, и ќе се користат како би се утврдило дали суспектните пациенти се позитивни на ковид-19. Донацијата ја обезбедија ГД Гранит и Нафтената компанија Галф оил Македонија“, велат од министерството.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
СКЕН: Одговорноста, етиката и професионализмот во медиумите наспроти лажните вести и говорот на омраза
Анкета: За влез во Европа ни треба дисциплина и ред
Интерактивен и динамичен семинар во Штип за транспарентност и одговорност во политичките процеси
Со максимално почитување на мерките за заштита од коронавирусот, во одлична и динамична атмосфера се одржа дводневниот регионален семинар за транспарентност и одговорни политички процеси во Штип.
ФЛЕШ ВЕСТИ
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставничките на Здружението на лица со Даунов синдром „Трисомија 21“, каде разговарале за предизвиците со кои се соочуваат лицата со Даунов синдром и нивните семејства во секојдневното живеење, како и можностите и условите за нивна поголема интеграција во општеството.
Комисијата за заразни болести ќе и предложи на Владата работното време на угостителските објекти да се ограничи до 21 часот.
По редовната едночасовна пауза во Собранието продолжи расправата по ребалансот на Буџетот.
Поранешно „Матично“ ќе стане нов младински центар, соопштија денеска градоначалниците на Центар и Град Скопје, Саша Богдановиќ и Петре Шилегов, како и претставници од Сојузот на извидници на РСМ.
По повод Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите, ЗНМ денеска одржа прес конференција на која претседателот и членовите на Управниот одбор на Здружението упатија неколку важни пораки.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Сите политички аспекти на сегашната бугарска позиција во однос на блокирањето на македонските евро-интеграции се веќе добро изанализирани и аргументирани. Не само во македонската, туку и во меѓународната јавност – како и во самата Бугарија, бидејќи таму, сепак, по силата на бројките, статистички има повеќе паметни луѓе отколку во Македонија! Се јавија бројни експерти од разни области кои елоквентно предупредуваат на тесноградоста на таа политика, но и на контра-ефектот што официјална Софија ќе го постигне во сите важни регионални димензии (економски, безбедносни, политички, културни итн.)“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Горчината од бугарските навреди“.
„Луѓето се дел од природата и од глобалниот екосистем на Земјата. Всушност, кога зборуваме за односот меѓу човековите права и животната средина (водата, воздухот, почвата и целокупниот растителен и животински биодиверзитет кој постои на Земјата), станува збор за три различни компоненти кои треба да ги имаме предвид:
– влијанието на животната средина врз остварувањето на човековите права,
– потребата од постоење на човековите права со цел заштита на животната средина и
– воспоставувањето на правото на здрава животна средина како посебно човеково право“, пишува Мирјана Најчевска во „Право на здрава животна средина“.
А. Петровска