ВЕСТ НА ДЕНОТ: Собранието ги изгласа новите заменици министри
Половина час пред истекот на рокот, Собранието ги изгласа новите заменици министри. За нив гласаа 62 пратеници, а против 44.
Воздржани немаше, а другите пратеници не учествувале во гласањето. Дебатата во највисокиот законодавен дом, за вториот владин ешалон траеше два дена колку што е предвидено законски и за избирот на министрите. Говорницата на Собранието, опозицијата го користеше за обвинувања и напади кон мнозинството и новата влада, а неретко се навратија и на предходната Влада.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Штерјовска, „Гвеко“: Гостивар е идеален, но е далеку од можноста да прерасне во еко град
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
„Европа е наш дом“ во центарот на Скопје
ЦИВИЛ денеска преку инфо-штанд и комуникација со граѓанките и граѓаните ги промовираше европските вредности и интеграции.
Граѓанките и граѓаните имаа можност со тимот на ЦИВИЛ да споделат размислувања и ставови за општата политичка состојба во земјата и нејзините напори во спроведување на реформите како дел од преговорите за членство во ЕУ. Со оглед дека дел од проектните активности на „Европа е наш дом“ се и мониторинг, застапување и јакнење на јавната свест во повеќе области, но пред сѐ главната цел е да се придонесе кон процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европска Унија, граѓанките и граѓаните разменија мислења и за изборните резултати и како тие влијаат во реформските процеси во време на пандемија со Ковид-19.
Дерала: Униформата не треба да ги штити насилниците, туку да заштитува од насилство
На социјалните мрежи е постирано видео на кое неколкумина полицајци жестоко тепаат Роми од Битола. Видеото е постирано денеска, а кога се случи настанот нема податоци.
Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала вели дека полицијата мора да биде пример за законито однесување.
„Згрозени сме од бруталноста на полициските службеници во снимката што беше објавена денеска. Во овој случај, правната држава треба да одреди најстрога санкција според законот. Униформата не смее да биде заштита на насилниците, туку заштита од насилството. Неказнивоста мора да престане“, нагласи Дерала.
Од МВР велат дека е утврден идентитетот на учесниците и дека по расчистување на случајот ќе ја информираат јавноста.
Затворска и парична казна за навивачите кои шират национализам и говор на омраза – бараат граѓаните
„Казни до 10 години затвор“, „парични казни до 5 ијлади евра“, „забрана од 5 години за посета на спортски натпревари“, се само дел од коментарите на прашањето на ЦИВИЛ поставено на Фејсбук страницата пред десет дена – Што мислите за национализмот кај навивачите групи, и како треба да се справат институциите со оваа појава?
ФЛЕШ ВЕСТИ
Со „Купувам домашно“, над 26 милиони евра завршија кај 309.000 граѓани.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски очекува следната година да почне примената на проектот за пасоши и лични карти со новото уставно име на државата.
Обвинителството се откажува од гонење за лицата Даниела Рангелова, Милан Андоновски и Борче Богдановски, изјави обвинителката Фатиме Фетаи на денешното судење за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година.
Фатиме Фетаи бара најстроги казни за Груевски и Јанакиески како поттикнувачи на насилствата пред Општина Центар.
Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, денеска ги прими на консултативна средба претставниците на граѓанската иницијатива „Стоп Русино“ и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.
Министерката за образование и наука Мила Царовска и заменик-министерот Арафат Шабани со градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски и претседателот на СОНК Јаким Неделков денеска го посетија основното училиште „Невена Георгиева Дуња“, каде разговараа со наставниците за подготовките за почетокот на училишната година.
Владата ќе ги разгледа барањата на родителите кои предлагаат времено продолжување на породилното отсуство за месец или два и ќе одговори во најкус можен рок.
Министерот за внатрешни работи денеска изјави дека Владата размислува дали да го зголеми износот на казните за неносење маски за заштита од КОВИД-19.
СЛОБОДНА ЗОНА
Поенти на Џевдет Хајредини: Никој не знае кога владата ќе почне со конкретни мерки и акции:
„Граѓаните на Македонија со нетрпение веќе скоро четири години чекаат да се прочисти барем еден обвинител или судија, или да се открие некој корупциски случај од високо ниво.“
А. Петровска