• Latest
Фото: ТВ21 (скриншот)

Преглед на настани: Конфискација на имотот во „Трезор“, пописот без одложувања, закани за убиство кон новинари и реакција на ЦИВИЛ

March 22, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Конфискација на имотот во „Трезор“, пописот без одложувања, закани за убиство кон новинари и реакција на ЦИВИЛ

March 22, 2021 17:33
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Фото: ТВ21 (скриншот)

Фото: ТВ21 (скриншот)

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ Обвинителството во случајот „Трезор” предложи конфискација на имот

Обвинетите во случајот „Трезор” кривичните дела ги сториле од лукративен карактер, изјави во завршните зборови на овој процес обвинителот Артан Ајро, кој побара од Судот да го примени институтот конфискација на имот и имотна корист.

„Како имотна корист прибавена со кривично дело за правното лице ДТУ „Финзи” ДООЕЛ од Скопје, избришано од Централен регистар на 18.02.2011, за кој конфискација да се изврши на парични средства од денарска сметка во Охридска банка во вредност од 838.106 денари и девизна банкарска сметка 145.619 евра, како и конфискација на ПМВ Ауди А4 со проценета вредност од 1.026.285 денари“, побара обвинителот Артан Ајро.

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Апелирам до граѓаните да се самопопишат, тоа е едноставна процедура и брзо се завршува. Податоците што се даваат се безбедни, максимално заштитени и ќе се користат само за статистички цели. Дополнителниот конкурс за попишувачи заврши во саботата и се пријавија над 2600 попишувачи, некаде 800 повеќе од потребното. Во следните денови продолжува дистрибуцијата на материјалите потребни за работа на комисијата за пописните и обуките на реонските инструктори. Се оди по планот и нема одложување на никакви процедури“, изјави Јасмина Ѓорѓиева од Државниот завод за статистика.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЗАКАНИ И РЕАКЦИЈА Профилот под името Арбен Есати им се заканува на новинарите на Без цензура, ТВ 21, Газета Експрес, Тетова Сот, Коха ТВ, Коха Њуз, Куманова Сот, Шења ТВ, Лајмпрес… дека „Ќе ви ги сечам прстите“, „Јас работата ќе ја загубам, ама вам животот ќе ви го земам каде и да сте“, „Не полицијата, туку ни војската не може да ве спаси, жените, вас и сестрите ќе ви ги силувам. Скриншотот е само последната од низата закани и е јавна, а до ЦИВИЛ стигнаа пријави дека тој пишувал и приватни закани и на неколку редакции и новинари. ЦИВИЛ побара од институциите да преземат законски мерки во заштита на новинарите.

АНТИКОРУПЦИЈА Заев и Николовски со писмо до Собранието упатија порака дека борбата против корупцијата е целта околу која мора да се обединиме, како и на потребата од единство во носењето на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, заедно со Акцискиот план за нејзино функционирање

АНТИ-КОВИД РЕСТРИКЦИИ Владата донесе одлука да продолжи актуелната забрана и посебен режим за движење до 6 април по препорака на Комисијата за заразни болести, а заради заштита и безбедност од Ковид-19

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ Експерти од различни области ќе дискутираат под мотото „Дали природата го возвраќа ударот?“ на првата дигитална климатска конференција која ќе се одржи оваа сабота (27 март), со почеток во 19:30 часот, а со која виртуелно ќе се одбележи годинашната акција Часот на планетата Земја.

СЛОБОДНА ЗОНА: ОРДАНОСКИ, КОЛОЗОВА, МУРАТОВ, ДЕРАЛА И МАНЕВСКИ 

„Фактот што 98% од тие кои гласале во неделата по партиските ограноци на СДСМ го поддржале реизборот, во трет мандат, на Зоран Заев за претседател, има повеќе јасни пораки. (Не, не мислам на тоа дека во секоја трка со еден кандидат, победата е однапред позната…) Веројатно најважната е дека, она што можеше да се окарактеризира како „контроверзии“ на Заев во неколку важни државни политики (односите со Бугарија, предлогот за „политичко обединување“ дома, концептот за „Едно општество за сите“, справувањето со епидемијата и тн.) имаат масивна поддршка во партиската база на Заев, без разлика на успешноста – nota bene! – со која се спроведуваат тие политики“, вели Сашо Орданоски во „СДСМ: Заев уште долго ќе владее!“.

Корона не се фаќа на „патриотски“ протести коментира Дехран Муратов по повод викендот на протести на ВМРО-ДПМНЕ. „Стотина жени, гушнати, стуткани, без растојание од 2 метри, меѓу другото побараа и да се одложи пописот, за да се избегне физички контакт со само еден/а попишувач/ка кој/а ќе ги посетува домаќинствата (со строго почитување на здравствените протоколи и заштита од ширење на пандемијата)… Логика?“, напиша Муратов.

„Тоа што го разликуваше полицискиот час во Македонија лани од сите останати студирани во Европа и регионот е дека за негово кршење се казнуваше кривично, а не (само) прекршочно, а казните беа (или – се, не е јасно?) неспоредливи во својата драконска димензија со остатокот на Европа: додека во Германија најстрогата казна оваа зима е 500 евра, кај нас минатата година се казнуваше со 2.500 евра или затвор. Само да појаснам, овде не мислам на строгите казни за загрозување на севкупниот систем какви што ги имаше изречено лани во Шпанија за специфични случаи, туку за обичниот прекршок да се најдеш на јавно место во време на полициски час. Според погоре цитираната студија, повторно, само Македонија е таков пример“ – пишува Катерина Колозова во својата анализа Зошто Македонија сè уште оперира со полициски час од воен тип, а не curfew во услови на пандемија?.

„И сега, изборите во СДСМ – врв на демократијата!? Пред да дадам каков било коментар, ќе ги потсетам читателите од мојата генерација на емисијата „Невен“. Тие кои се сеќаваат, ќе се сетат на … „Питам се питам….. Их, та немојте касти!“, пишува Војо Маневски во денешната колумна Изгубени во демократијата.

„Во екот на „третиот бран“, кога се подготвуваат и се носат нови мерки, јавноста очекува од носителите на одлуките внимателно да ги следат искуствата од развиените демократии. Сега, повеќе од било кога, се очекува вклучување на застапниците на човековите права и слободи. Неопходно е властите да покренат и кампањи за јакнење на јавната свест, паралелно со „репресивниот“ дел од системот кој го заштитува јавното здравје. И подеднакво да казнуваат неодговорни и неразумни популисти меѓу политичарите, исто како и „обичните смртници“. Макар и прекршочно…“ – пишува Џабир Дерала во својото РАФАЛ под наслов Неспособноста на системот, молкот на граѓанското општество и криминалната неодговорност на популистите.

Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ