• Latest
Checkbox

Преглед на настани: Нема отстапки за онлајн гласање, поголемо ниво на заштита за новинари и медиумски работници…

November 24, 2020

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Преглед на настани: Нема отстапки за онлајн гласање, поголемо ниво на заштита за новинари и медиумски работници…

November 24, 2020 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Checkbox

Checkbox

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Парламентарните партии не отстапуваат од ставовите за онлајн работење на пратениците со Ковид-19

Парламентарните партии и денеска останаа на своите ставови во однос на можноста пратеници со Ковид-19 или во изолација со решение да можат онлајн да се изјаснуваат на седници и на работни тела – владејачките партии сакаат предлогот за дополнување на Деловникот да се изгласа и сметаат дека е неопходен, опозицијата дека е противуставен и дека 62 пратеници не се доволни за функционално Собрание.

Претседателот на Собранието Талат Џафери поднесе предлог за дополнување на Деловникот за работа на Собранието со што би се овозможило пратеници со Ковид-19 или во самоизолација да можат да се вклучат онлајн во одлучувањето на пленарните седници и на седниците на работните тела. Предлогот, кој е по скратена постапка, е ставен на дневен ред на седницата закажана за 26 ноември, четврток. 

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Кржаловски: Примарно треба да ја надминеме политичката нетолеранција и различност

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Росоман средствата за украсување ќе ги пренаменени за социјални пакети и таблети за учениците

ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за правда веќе почна постапка за изготвување на нов Кривичен законик, во кој ќе бидат вметнати кривичните дела со кои ќе се подигне нивото на заштита на новинарите и медиумските работници.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска на владина седница ќе побара од нејзините колеги од другите ресори за седум дена да достават мислења за драфт верзијата на измените на Законот за работни односи, што се однесуваат на предлогот недела да биде неработен ден.

Инвестираме 50 милиони евра во патната инфраструктура за поврзување со Бугарија, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, при увидот на активностите за обнова на патот Трстија -Бигла.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари телефонски разговор со Министерот за надворешни работи на Полска, Збигњев Рау, со цел размена на мислења за актуелни прашања од билатералните односи помеѓу двете земји, соработката во рамките на меѓународните организации и за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.

Во ковид – центрите во Скопје се лекуваат 476 пациенти, наскоро во земјава ќе пристигне лекот „Фавипиравир“.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Од политички аспект погледнато, ако Владата продолжи да инсистира дека од такви заострени мерки нема потреба, опозицијата секогаш ќе може да каже (а тоа и сега го прави) дека секој смртен случај треба да се припише на „неодговорноста“ на власта; доколку, пак, Владата реши во некоја блиска иднина да воведе полициски час, опозицијата лесно ќе поентира дека, да ги послушале порано, многу животи ќе биле спасени. Како и да се заврти, зијан од ова барање за опозиционерите нема“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Дискретниот шарм на експертите“.

„Трите барања кои Бугарија ѝ ги испорача на Република СевернаМакедонија, кои мора да се признае, имаа шокантен ефект врз граѓаните, можеби најмногу во источниот дел на државата, поради географската близина, на некој начин ја ставија на испит меѓусебната доверба меѓу луѓето или двата народа, но и поттикнаа одредени страсти во различни кругови од минатото и сега, и во двете земји. Затоа секојдневието во кое живеат граѓаните, како најмеродавно сведоштво, истовремено е најголемиот противаргумент на официјалните политики, особено на нашиот источен сосед, кој никако не смее да си ја припишува позицијата на поголемиот брат и привилегиите по тој основ. Посебно не, кога се наоѓа во семејство какво што е европското“, пишува Лазо Димитров во „Македонско–бугарски односи: Секојдневието на граѓаните од двете страни на границата е најрелевантно за тоа што ни е заедничко, а што посебно“.

А. П.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ