• Latest

Преглед на настани: Официјално започна учебната година, „Зелен караван“ на ЦИВИЛ во Велес

October 1, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Официјално започна учебната година, „Зелен караван“ на ЦИВИЛ во Велес

October 1, 2020 15:56
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Наставната година за учениците и студентите почнува денеска во вонредни околности, со предизвици и неизвесности

Одложено за учениците, и редовно за студентите почнува учебната 2020/2021 година која е со многу неизвесности поради непредвидливост со заразата од КОВИД-19. Училишната година денеска треба да ја почнат 270 000 средношколци и основци, меѓу кои 19 илјади се првачиња – еден дел ќе бидат во клупите, а поголеми дел ќе учат онлајн од дома.

Учениците до трето одделение, освен оние чии родители не се согласиле, наставата ќе ја следат со физичко присуство. Останатите основци од повисоките одделенија и средношколците со своите наставници ќе комуницираат преку националната платформа за учење од далечина која не е разработена, но, како што информираа од МОН и креаторите од ФИНКИ, слабостите се откриваат тековно, се отстрануваат и очекуваат целосно да биде функционална и да ја издржи оптовареноста од сите корисници. 

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Николова, наставничка во основно училиште: Националната платформа за учење од далечина ќе ни овозможи еден стабилен и континуиран процес на онлајн учење

„Јас лично сметам дека во периодот кој следува Националната платформа ќе ни овозможи еден стабилен и континуиран процес на онлајн учење. Самата платформа е богата со многу активности и ресурси, кои би им помогнале на наставниците да креираат интересни и интерактивни содржини за своите ученици. Искрено се надевам дека процесот на прилагодување на Националната платформа и онлајн наставата ќе биде брз и лесен за сите чинители на учењето на далечина“, додава Николова.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Зелен караван на ЦИВИЛ: Велес препознатлив по стремежот кон негување зелени политики и иницијативи

ЦИВИЛ како дел од активностите во Зелениот караван денеска одржа работилница во просториите на Општина Велес.
Модераторка на работилницата Биљана Јордановска од ЦИВИЛ, го презентираше проектот „Зелените доаѓаат“, а со свое излагање за проектните активности и заложби за зелените вредности, социјалната правда и антинационалзимот имаше и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.
Тренчевска: Во државата немаме заокружена законска регулатива што ќе биде посветена на дискриминацијата и еднаквите можности

Најчевска: Важно е да се утврди коренот на дискриминацијата и да се реши проблемот, а не да ги лечиме симптомите

Баута Шаќири: Со дискриминација против дискриминација

ФЛЕШ ВЕСТИ

Останува неизвесно дали Собранието ќе ги потврди петте одлуки за прогласување на вонредна состојба што ги донесе претседателот на државата Стево Пендаровски поради пандемијата со КОВИД-19, откако вчера Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе гласаат против нивното потврдување.

Силна порака и потврда дека официјален Берлин го поддржува почетокот на преговорите на Северна  Македонија со ЕУ до крајот на годината, дојде вчера од германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас на видео средбата со неговиот македонски колега Бујар Османи.

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека при носењето одлука за отворање на границите во регионот со или без ПЦР тестови, пред се прво треба да се води сметка на здравствениот, а потоа на економскиот аспект.

Законот за буџет денеска е прикачен на „Енер“. Секој може да се вклучи во јавната расправа. Се работи за реформски закон, усогласен со неколку европски директиви, информира денеска министерот за финансии Фатмир Бесими на состанокот со Македонската банкарска асоцијација.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска  остварија средба со група офицери кои се вратија од мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан.

СЛОБОДНА ЗОНА 

!Би било убаво некој надлежен во државава – на пример, Агенцијата за електронски комуникации? – да ни објасни што се случува со интернетот во државава? Мојот провајдер (не е ни важно кој е, сите се исти) понекогаш едвај успева да испорача сигнал што отвора обични веб-страници, а има цели делови во денот кога ништо не помага. Порано барем знаевме кога е кризниот период во едно деноноќие, па спиењето си го регулиравме по тој распоред; сега ти е исто и во девет наутро и во два попладне и во десет навечер и во три по полноќ! Како пред десетина години, кога користевме тррррррр-модеми, чекам со минути да се појави она што сум го кликнал, а од видеата ништо не можеш нормално да догледаш, од прес-конференција, преку дебата и филмче, до – велат – порно!“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Ќе се бесиме на телефонските бандери!“.

„Пред 2 години, на 30 септември, големо мнозинство на гласачи од сите народи излегоа на консултативниот референдум и избраа евроатланска иднина. Остварија трет најдобар гласачки резултат во Македонија на сите времиња. Другиот дел од граѓаните, повикани што јавно што тајно од главната опозициска партија и други партии и партиички од универзумот на мвро и антизападните центри на моќ, избраа да останат дома и да бојкотираат учество во одлучувањето за сопствената иднина.“, пишува Петрит Сарачини во колумната „30 септември, 2 години и пар избори потоа: Ништо од „милионот“, Северна Македонија е во НАТО и забрзано чекори кон ЕУ.

А. Петровска 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ