• Latest

Преглед на настани: Попис во април 2021, „Европа е наш дом“ во Североисточниот регион…

October 15, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Попис во април 2021, „Европа е наш дом“ во Североисточниот регион…

October 15, 2020 17:02
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Заводот за статистика ќе го спроведе пописот на населението во април 2021, изјави Заев

Пописот на населението и резултатите никако не влијаат на Уставот, на Рамковниот договор или слично. Да се растовариме од оваа работа, порача денеска премиерот Зоран Заев во однос на, како што рече, дебатите дали по резултатите од пописот „требало да се отвори Уставот или не“.

„Пописот треба да се спроведе токму поради рамномерниот развој, економските параметри и статистиките кои што ни требаат во државата и тоа треба да го спроведеме. Одговорност е на секој граѓанин, не на Заев и Мицкоски“, истакна премиерот.

Заев нагласи дека пописот ќе го спроведе Државниот завод за статистика и ги повика граѓаните да ги пополнат анкетните листови.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

Пекевски: Медиумите треба да едуцираат какво зло е национализмот и да промовираат солидарност и толеранција

Конзулов: Наша обврска е да продолжиме да се рефомираме одржувајќи ја на високо ниво комуникацијата со граѓаните

Наумоски: Имаме вештачки производ на национализам и омраза

Таравари: На патот да личиме на тие каде што сакаме да се интегрираме

Анкета: Со влез во ЕУ ќе се искорени говорот на омраза и ќе има владеење на правото

„Европа е наш дом“ – теренски активности во Североисточниот регион

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да ги посетат инфо –штандовите во Старо Нагоричане, Ранковце, Куманово, Крива Паланка и Кратово, утре со почеток во 11 часот посветен на промоција европските вредности и интеграции.

Граѓанките и граѓаните заеднички со тимот на ЦИВИЛ, во директна комуникација, ќе имаат можност да ги споделат своите размислувања и ставови во однос на демократските процеси во земјата и да бидат дел од креирањето на јавното мислење на локално и национално ниво, утре, 14 октомври, почнувајќи во Тетово.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Два македонски тима составени од девет девојки и момчиња на возраст од 15 до 19 години ќе не претставуваат на светскиот натпревар за иновации за Земјата и Вселената – NASA Space Apps Challenge во организација на вселенската агенција NASA и ќе имаат можност да ги презентираат своите проекти пред врвни експерти.

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Топ Тема на ТВ Телма, изјави дека како претседател до моментов нема добиено ништо на  писмено ниту пренесена вербална информација дека на средбата во Софија на Османи му е пренесен некаков сет на барања, како информираа медиумите.

Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за воспоставување на бескаматна кредитна линија со грант компонента наменета за микро и мали претпријатија погодени од КОВИД-19 (Ковид 3), и го задолжи Министерството за финансии, во име на Владата да потпише договор за администрирање на средствата со Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.

Министерот за финансии Фатмир Бесими на општата расправа за ребалансот“, на собраниската Комисија за финансирање и буџет изјави: „Ковид е најголемата економска криза која се случила од Големата депресија наваму, поголема и од Светската економска криза од 2009 година и кај сите земји во светот се проширува дефицитот за да се поттикне економската активност, додека проекциите за економските резултати се негативни“.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„И двајцата опозициски првенци се во право кога велат дека тој процес мора да биде максимално инклузивен и на политичко и на експертско ниво. Власта е таа која таквата релевантна вклученост мора да ја обезбеди, иако сум сигурен дека ништо поинаку и не би се случило со оглед на демократскиот капацитет на Заев и Маричиќ во чии надлежности ќе падне најголемиот товар на оваа важна политичка иницијатива“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Трикот е во идеологијата, не во правото“.

Поенти на Хајредини: Криминалот и корупцијата нема да ги гонат тие што со закон го забранија објавувањето „бомби“

Ниту граѓаните, ниту ЕУ, не треба да очекуваат, да се надеваат и веруваат, дека криминалот и корупцијата во Македонија ќе го гонат тие што со закон го забранија објавувањето на десетини илјади “бомби” и нивното користење во судски постапки.

„Порано, за да објавите некое интервју или текст, требаше да го „одобри“ Мартин. Ако не, се знае – ендек. Сами уредници и новинари кажуваа примери како им се јавувале од разни владини и министерски кабинети. Слушнавме и во „бомбите“. А они не се бунеле, туку – слушале, извршувале, спружувале“, пишува Петрит Сарачини во „Послушниците на Мартин до вчера, најголеми борци за слобода на медиумите денес“.

А. П. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ