• Latest

Преглед на настани: Потенцијални нови мерки во понеделник, МНР испраќа економски советници во странство, Предлог-буџетот во Собрание…

November 12, 2020

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Потенцијални нови мерки во понеделник, МНР испраќа економски советници во странство, Предлог-буџетот во Собрание…

November 12, 2020 17:27
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Комисијата за заразни болести во понеделник ќе одлучува за нови рестриктивни мерки, засега нема препорака

Министерот за здравство Венко Филипче на состанокот со претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски, и д- р Сузана Маневска, на кој телефонски се консултираа со сите членови на Комисијата, попладнево одлучија дека нема да дадат препорака за нови рестриктивни мерки, соопштува Министерството за здравство.

Од министерството велат дека Комисијата за разгледување на нови дополнителни мерки ќе одлучува на состанокот в понеделник, за да се даде време да се утврди дали мерките кои се веќе на сила даваат резултат.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Заев: Правиме напори за да се најде решение, но има работи за кои не се преговара
„Преку оптимизам навистина испраќаме порака дека правиме се да постигнеме решение. Јас сум истот тој што пред месец дена на празникот 11 Октокмври го запознав нашиот народ дека е можно да немаме решение, односно да не се одржи првата меѓувладина конференција помеѓу Република Северна Македоија и ЕУ. Така што правиме напори до последен момент, ќе дадеме се што може од наша страна како енергија, како памет, како мудрост, но секако знаете има работи за кои што никаде во светот не се преговара, па ни кај нас ќе се преговара. Тоа и бугарската страна го сфаќа, сфаќа дека нашиот идентитет, нашиот македонски јазик се наше чувство, наше право. Државите не преговараат за оваа работа, така што ние продолжуваме да изнаоѓаме решенија коишто секако би биле прифатливи за двете страни. Но, дефинитивно стојам и денеска како на тој 11 Октомври еве дека постои серозна можност ние да не добиеме прва меѓувладина конференција со ЕУ“, изјави премиерот, одговорајќи на новинарско прашање.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

Арачиново нема да се украсува за новогодишните празници

Крушево скромно ќе се украси со донација, а предвидените средства ќе се пренаменат за справување со Ковид-19

Берово ќе потроши 200.000 денари за новогодишно украсување

Фотошопирана фотографија се користи за ширење говор на омраза кон Шекеринска

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција најави дека земјава испраќа економски советници во странство, кои ќе дејствуваат во рамките на нашите дипломатско-конзуларни претставништа и ќе бидат надлежни за доследно, професионално и ефективно претставување на нашите економски интереси во европски и воневропски земји, како и на покривање и постепено градење на нов препознатлив бренд во меѓународната јавност, пред се на бизнис заедницата.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска одржа координативен состанок со претставници од Сојузот на стопански комори за предлогот недела – неработен ден.

Учениците од социјално загрозени семејства кои наставата ја следат онлајн, денеска добија таблети од Општина Ресен.

Министерката за образование и наука Мила Царовска учествуваше на меѓународен онлајн состанок на министрите за образование од земјите од Југоисточна Европа, чиј домаќин е Министерството за национално образование на Република Турција.

ДКСК апелира граѓаните кои пријавуваат корупција да дадат поконкретни наводи за да можат да постапуваат.

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска го достави Предлог-буџетот за 2021 година до претседателот на Собранието Талат Џафери.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Кога политиката ќе стане култура – кога политичките конфронтации ќе се станат доминантно вредносно обележје во една заедница – тогаш граѓанската војна станува само прашање на стек на околности и на несреќна шанса. Тоа е така, бидејќи таквите општества не се поларизираат само по рационалната линија на спротивставените политички понуди, туку пред сè во сферата на емотивните, вредносни линии на поделби, кои тешко се контролираат, а лесно се манипулираат и брзо се разгоруваат“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Трамп од нашето маало“.

А. П. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ