• Latest

Преглед на настани: Ребалансот донесен, одлука за националната Пошта следната година, одземен пасошот на Лидија Димова…

November 4, 2020

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Ребалансот донесен, одлука за националната Пошта следната година, одземен пасошот на Лидија Димова…

November 4, 2020 16:52
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Ребалансот донесен, почнува реализацијата на четвриот пакет мерки

Ребалансот на буџетот ја помина собраниската процедура и го отвори патот за спроведување на мерките од четвриот пакет мерки. Дел од мерките може веднаш да се реализираат, за дел ќе треба, и покрај носењето на ребалнсот, да се чекаат законските решенија со кои се уредени, а кои, исто така, се во собраниска процедура.

Поддршката со ребалансот тежи 470 милиони евра. Наменета за граѓаните и стопанството со цел да се ублажи влијанието од корона-кризата.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Дерала за Слободна ТВ: Отровот на говорот на омраза се користи како оружје за добивање политички поени

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Николов: Нашата основна функција како пратеници би немала смисла доколку го изгубиме контактот со граѓаните

Дел од тимот на ЦИВИЛ Медиа имаше прилика да ја посети канцеларијата за средба со граѓаните, која неодамна ја отвори пратеникот Д-р Сашко Николов во Штип.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Владата на вчерашната седница донесе одлука да се скрати работното време на угостителските објекти до 21 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна.

„Сите интерни клиники во склоп на Клинички центар се подготвени да примаат ковид пациенти и нема да запрат со нормалната работа, односно со интервенциите на дневна основа“, соопштува Министерството за здравство.

ТВОЈА партија бара од Владата итно вклучување на приватните болници во борбата со Ковид-19 пандемијата, согласно Уредбите донесени со законска сила и Владина одлука на 23 и 30 март годинава, посебно во услови кога државните болници се соочуваат со исполнети капацитети и се бара легло повеќе за тешко заболените.

Договорот со Бугарија од 2017 година е добра основа и рамка за да продолжат разговорите во насока на изнаоѓање решенија, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

Арсовски: По 6.000 денари ќе добијат 283.000 наши сограѓани кои се најмногу погодени од кризата

Судија на претходна постапка и го одзема пасошот на поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова поради сомнение дека го сторила кривичното дело „измама на штета на средства на Европската заедница“.

Претставници на скопските пожарникари денеска на средба со претставници од Градот Скопје и Владата го продолжија социјалниот дијалог за решавање на настанатиот проблем и наоѓање нови решенија за нивните синдикални барања.

Статусот на АД – Пошта на Северна Македонија, нема да се реши до крајот на годината, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битики.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Се ближи денот кога заинтересираните партии ќе мора да предложат свои кандидати за испразнетото место за изборите на градоначалник на Штип. Како што е познато, овие избори се важен (иако ограничен) контролен тест за актуелниот политички рејтинг на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Ќе се откаже ли ВМРО-ДПМНЕ од изборите во Штип?“

„Патриотизмот во нашата земја не се мери според тоа како го претставуваме нашиот народ  во правец на уметноста, науката или спортот. Не се мери ниту според тоа колку се грижиме за нашето општество или држава. Љубовта кон народот и државата во којашто живееме не се изразува веќе со грижата кон другиот, ниту со грижата кон средината што не опколува. Може да фрламе отпадоци на улица, дури и од терасата на зградата во којашто живееме, може да ги уништиме шумите и јавниот простор, може и да не ја свртиме главата кон тие што имаат потреби, а не па да помогнеме“, пишува Лиса Баута Шакири во колумната „Национализам – дегенерација на патриотизмот!“.

А. П. 

Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ