Советот за безбедност на Република Северна Македонија денеска во претседателската „Вила Водно“ ја одржа деветата седница за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19, на која присуствуваа сите постојани членови на Советот, освен професорот Марковиќ, кој е отсутен поради професионални обврски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а надвор од постојаниот состав, присуствуваше и министерот за здравство, на покана на претседателот Пендаровски.
По завршувањето на седницата, Пендаровски истакна дека на дневен ред имале само една точка, односно актуелната ситуација со КОВИД-19 и мерките и активностите на надлежните органи за сузбивање на пандемијата.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Пендаровски и Заев: Нема никакви отстапки за преговор за нашиот идентитет и јазик
„Тоа што можам да го кажам, да го повторам нашиот став, а тоа е дека нема никакви отстапки и не може ни да има, од националните и државните интереси, кои подразбираат дека нема преговор за нашиот идентитет. Тоа е наше чувство и секако преговори за нашиот идентитет не треба да има“, одговори претседателот Пендаровски на новинарско прашање за наводен бугарски компромис каде ќе го признае македонскиот јазик и народ, а за возврат Македонија да ги признае нивни историски корени.
„Грција го призна нашето право на самоопределување и тоа е наше чувство и секако преговори за нашиот идентитет и македонски јазик нема и не треба да има. Бугарија е пријателска земја и јавно го истакнува признавањето на македонскиот јазик и народ, ја признава реалноста. Јас верувам дека работните групи кои работат и разговараат секако ќе ги изнајдат решенијата. Навистина очекувам од бугарскиот народ и лидерството на Бугарија да направи конкретен и прецизен чекор за македонскиот јазик и народ. Уште еднаш ќе напоменам, нема нов договор, ниту анекс на договор, ние сме подготвени да ги појасниме, допрецизираме и изјавиме одредени работи. Навистина имаме многу успеси, десет седници се одржани, најдени се решенија за 5 историски личности во 3 историски периоди, продолжуваме и понатаму ќе ги изнајдеме личностите“, истакна Заев.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
„Никогаш не сум можел да го разберам национализмот и нетрпеливоста кон другиот само затоа што припаѓа на друг етникум. Имаме еден живот и да го потрошиме на таква баналност е недозволиво“ – вели познатиот ликовен уметник и дизајнер, Зоран Кардула за ЦИВИЛ МЕДИА.
Кризата предизвикана од КОВИД-19 претставува брутален потсетник за важноста од обезбедување траен напредок во однос на уживањето во социјалните права, особено преку развојот на универзалните услуги за јавно здравје. Пандемијата во практична смисла покажува дека човековите права се неделиви.
Анкета: „Со влез во ЕУ ќе се подобри економијата и ќе биде подобро за младите“
Прашање на денот: Дали е потребно воведување карантин?
И денеска, тимот на ЦИВИЛ ги покани сите заинтересирани да учествуваат во обликувањето на јавното мислење. Дали е потребно воведување карантин, делумен, целосен или никаков, со кои аргументи се поткрепува ставот на луѓето, што е потребно да се спроведе тоа… се само дел од прашањата кои произлегуваат од ова прашање.
Граѓански активисти: Национализам – алатка на политичарите што води кон разединување
Зелен ЦИВИЛ ги праша граѓанските активисти колку национализмот е штетен за нашаето општество и како да се бориме против него.
Рокот за пријавување на семинарот на ЦИВИЛ во Штип истекува на полноќ
ФЛЕШ ВЕСТИ
Собранието вчера ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести.
Министерството за образование и наука информира дека е формирана работна група која развива концепт за целосна и суштинска промена на наставните и дидактичките материјали за основно и средно образование.
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вели дека состојбата во градинките сè уште е под контрола и оти во нив се почитуваат протоколите за работа.
Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов и амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир денеска го означија почетокот на повикот за предлог-проекти „ЕУ за општините“.
Љупчо Николовски: Инспекторите добиваат нови и поголеми овластувања за постапување со прекршителите на здравствените протоколи
Собранието ја почна распоравата по Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, кој ги содржи и амандманите од комисиската расправа.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Тоа е тоа: под експлозивното ширење на епидемијата во големи делови на континентот, Европа полека се затвора. Се направија обиди со различни стратегии, се пробаа сите можни полу-мерки и флексибилни зафати, се применија вакви и онакви пристапи, за на крајот да се помине на последната можност: карантин! Некои две недели, некои цел месец, а веќе се општи најавите дека и од дочеците на Нова година во речиси сите европски земји ништо нема да биде“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Кој е за карантин да дигне рака?“.
А. Петровска