• Latest

Преглед на настани: Северна Македонија и Бугарија на заедничко претседавање со Берлинскиот процес, серија интервјуа на ЦИВИЛ за зелени и европски перспективи

October 16, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Северна Македонија и Бугарија на заедничко претседавање со Берлинскиот процес, серија интервјуа на ЦИВИЛ за зелени и европски перспективи

October 16, 2020 17:22
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите учесници во Берлинскиот процес

Денеска во Скопје се одржа состанок на министри за внатрешни работи во рамки на заедничкото претседавање со Берлинскиот процес на Република Северна Македонија и на Република Бугарија.

На состанокот воведно обраќање имаше министерот за надоврешни работи, Бујар Османи, посочувајќи и на целите на Берлинскиот процес подвлекувајќи ги регионалната соработка, инфраструктурното поврзување и создавањето на заедничкиот пазар како фундаменти на економскиот раст и подготовка на регионот за пристап кон заедничкиот европски пазар.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во своето обраќање ја поздрави и поддржа иницијативата за Регионален договор за слобода на движење и престој со лична карта, како еден од важните приоритети на годинешното заедничко Претседателство со Берлинскиот процес и упати благодарност до Советот за регионална соработка, како важен партнер во операционализацијата на оваа иницијатива.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ денеска одржа инфо-штанд посветен на промоција на европските вредности и интеграции, во општините Старо Нагоричане, Ранковце и Крива Паланка.

„Европа е наш дом“ е проект посветен на мониторинг, застапување и јакнење на јавната свест во повеќе области, но пред сѐ главната цел е да се придонесе кон процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Зелен ЦИВИЛ го објави и третиот дел од „Зелено досие на Велес“ – приказна за град во кој животот ви е опасност, до град кој посакува зелена иднина, што го подготви Анотанела Димитриевска од Велес.

Како дел од проектот „Зелените доаѓаат“ се објави интервју со градочалникот на Општина Радовиш, Герасим Конзулов кој смета дека прашањата поврзани животната средина секогаш треба да се разгледуваат во контекст на човековите права и слободи и дека сите губат кога во едно општество растат етничките тензии.

За европските вредности, ЕУ интеграциите и моменталната политичка состојба ов земјата зборуваа градоначалниците на општините Ѓорче Петров и Берово. Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, во контекст на овие теми изјави дека клучна е медиумската писменост и правилната информираност за функционирање на демократијата. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, истакна дека секој треба да придонесува за да ја има Европа поблиску до себе.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Текстилијада: Работнички права во време на корона

Николовски: Димова треба да понесе политичка одговорност, на следната владина седница ќе побарам разрешување

Редуциран капацитет на јавниот превоз и скратено работно време на економските субјекти се меѓу новите предлог мерки за заштита од Ковид-19

Маричиќ: Владеењето на правото, демократијата и човековите права треба да бидат примарни во справување со пандемијата

Армијата на Република Северна Македонија како 30 земја членка на НАТО првпат директно учествува во мисијата КФОР. Утре во првата ротација 44 припадници на Армијата ќе се упатат во мисијата на НАТО во Косово, составена од штабни офицери и вод за обезбедување, кои ќе бидат распоредени во главната команда на мисијата и командата „Запад“.

Народната банка со кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард банка

СЛОБОДНА ЗОНА

„Јас разбирам дека во секое општество има еден мал процент умоболници кои, после трагичната погибија на младиот лекар и активист на СДСМ на скопска „Рузвелтова“, напишаа грозоморни „идеолошки“ пораки, отворено радувајќи се на неговата смрт. Велам, разбирам, бидејќи политички и ментални ѓубриња секогаш и секаде имало и ќе има, тоа и во попристојни демократии, со поинакво ниво на политичка култура, е просто прашање на статистика“, вели Сашо Орданоски во „Само мртов комуњара е добар комуњара“?!

Како да се води едно Собрание во услови на пандемија, прочитајте во „Собрнаие на 21 век“ , на професорката Мирјана Најчевска.

Б. Јордановска

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ