• Latest

Прекинато судењето за „Монструм“, продолжение в петок

August 22, 2018
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026

Србија протера истражувач за слобода на медиумите: Меѓународните организации алармираат

September 18, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Ескалација на Блискиот Исток, жестоки битки во Украина и климатски катастрофи во Европа

September 18, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Единаесеттиот човек

September 18, 2026
Александар Вучиќ (фото: www.predsednik.rs)

Вучиќ во Украина на самитот Карпатска иницијатива: Белград меѓу поддршката за територијалниот интегритет на Украина и одбивањето санкции против Русија

September 18, 2026

Вештачката интелигенција и цената на сензационализмот

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски во САД, 17 септември 2026 (фото: ФБ профил на Премиерот)

(ВИДЕО) Што ќе ни донесе Мицкоски од Америка?

September 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Прекинато судењето за „Монструм“, продолжение в петок

August 22, 2018 13:42
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Судијата Огнен Ставрев поради замореност на загрозениот сведок го прекина неговото денешно сослушување од страна на СЈО и од одбраната за предметот „Монструм“, а продолжението на судењето го закажа за во петок, кога ќе продолжи со сведочење. 

Судењето за петкратното убиство кај Смилковско езеро, сторено на 12 април 2012 година, денеска продолжи по пауза од речиси месец и половина.

Загрозениот сведок на денешното рочиште кажа дека си останува на исказот даден на претходна постапка. На прашање од обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи, тој рече дека за настанот дознал од медиумите и сам од морални причини се пријавил во полиција за да каже што знае.

Сведокот рече дека три-четири дена пред настанот видел четири лица со црн „голф 3“ со затемнети стакла и спортски издув на местото на настанот. Посочи дека имало црн висок човек, едниот имал лузна на левата страна, друг бил келав, еден на 50-тина години, а друг на 35-6 години.
Прашан како се однесувале, рече „нормално како сите луѓе“. Последен пат ги видел на 12 април.
Обвинителката Фетаи му посочи дека има разлики во исказите во однос на времињата дадени претходно и сега, на што сведокот одговори дека поминало многу време и оти не се сеќава.
Загрозениот сведок рече дека вршел препознавање во обвинителство, каде му биле покажани фотографии, без притисоци и закани.
Фетаи побара од сведокот да каже дали препознава некој од тие што ги видел на местото на настанот сега да се присутни во судницата. Препозна неколкумина и ги опиша, по што обвинителката Фетаи ги посочи Агим Исмаиловиќ и Самир Љута.
Фетаи побара Самир Љута да стане, на што сведокот кажа дека е 100 отсто сигурен дека е тоа лицето со лузна. Прашан од која далечина ги видел овие лица, кажа дека секогаш различно и дека ги имал видено од пет метри до еден метар близина.
Адвокатот на обвинетите Насер Рауфи, пак, се обидуваше да го наведе сведокот со прашања, а на секое прашање има реакција од СЈО или судот. Судот и обвинителите го подучија сведокот да не одговара ако не смета дека треба и да не ризикува да си го открие идентитетот.

Прашан колку возила имало на критичниот ден, загрозениот сведок рече дека заедно со Голфот биле три. На прашањето дали на препознавање му биле покажани 48 слики, одговори дека видел повеќе фотографи.
Прашан за тоа каква боја била лузната на човекот што го посочи како Самир Љута, рече дека била црвена боја.
Одбраната смета дека загрозениот сведок е конфузен во одговорите и затоа се сомневаат во вистинитоста на неговите искази. Посочуваат дека на истото негово сведоштво била базирана и претходната пресуда за „Монструм“ што беше укината на Врховен суд, а предметот вратен на повторно одлучување.
Обвинителката Фатиме Фетаи на почетокот на рочиштето побара од судот да започне постапката за екстрадиција на обвинетите Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, кои се на Косово и се недостапни за македонските власти, а по нив е распишана меѓународна потерница.

Судијата Огнен Ставрев кажа дека веќе се во контакт со косовските власти за постапката за екстрадиција.

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници. (МИА)

Tags: заштитен сведокМонструмОгнен СтавреврочиштеСЈОСмилковско езеросудење
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ