УТРИНСКИ КОЛУМНИ
„Жолтиот картон“ од првиот круг стана најцрвен во вториот! Прасето пред Божик не се згои! Предизборните прогнози на СДСМ доживеаја потполн дебакл. Додуша, на избори за чиј доминантен демократски тек тие беа најмногу „надлежни“, за што треба да им се упати заслужен комплимент.
За поразот, несомнено, е најодговорен Зоран Заев. Но, тој и кога губи, како и кога победуваше, одржа „премиерна“ национална лекција што ќе се памти: ја честиташе победата на противниците, а потоа без траги на нерешителност, си поднесе оставка и од премиерската и од партиската претседателска функција – нешто што во демократска Македонија до сега не е забележано!
Би се рекло, во „свој стил“ му ја помати дури и големата победа на главниот опонент, Христијан Мицкоски, бидејќи такво „државничко однесување“ нему никогаш ни на ум не му паднало, а приликите му биле и побројни и не помалку убедливи, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Прасето пред Божик не се згои – Македонија е во политичка криза!”.
ИЗБОРЕН РАПОРТ
ЦИВИЛ ќе сподели нови податоци и анализи од мониторингот на изборите во новото издание на ИЗБОРЕН РАПОРТ во понеделник, на 1 ноември, со почеток во 12 часот. Преносот ќе се одржи од вообичаената локација, прес студиото на ЦИВИЛ во бизнис центарот „Палома Бјанка“, на 3. кат.
Најмногу три новинарски екипи, со претходна најава на мејлот [email protected] ќе бидат прифатени со физичко присуство. Другите заинтересирани можат да побараат линк од Зум на истиот мејл или по телефон 070 699 580.
Преземањето на видео преносот и сите текстуални содржини поврзани со изборите, објавени на civilmedia.mk (македонски), drejt.mk (албански) и civil.today (англиски) е дозволено целосно, според лиценцата Creative Commons 4.0 (линк до изворот).
ВАЖНИ НАЈАВИ И АКТИВНОСТИ НА ЦИВИЛ
МОНИТОРИНГ на www.civilmedia.mk за да се информираат навремено за сите активности во кои има простор за нивно учество.
ПРОДУКЦИЈА Тимот на ЦИВИЛ и Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА ќе имаат голем број средби и интервјуа со кандидатките и кандидатите на локалните избори.
АНГАЖМАН ЦИВИЛ е отворен за соработка и за ангажирање на новинар(к)и и асистент(к)и на проекти – до крајот на декември. Потребно е да се испрати биографија и мотивациско писмо на [email protected].
НАСТАНИ
ИЗБОРИ: Набљудувачката мисија на ОДИХР денеска ќе ги презентира своите наоди по вториот круг од Локалните избори 2021 во Северна Македонија. На прес-конференцијата ќе се обрати Тана де Зулуета, шефица на Мисијата на ОДИХР за набљудување на изборите и Штефан Краузе, заменик-шеф на Мисијата.
САМИТ: Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре во Глазгов ќе учествува на Светскиот лидерски самит во рамки на Конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации (COP26).
ТРАНСПОРТ: Машинскиот персонал во МЖ Транспорт АСД Скопје е во бојкот поради неисплатен втор дел од септемвриската плата, а во целосен прекин се товарниот и патничкиот железнички сообраќај, изјави Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал.
Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.
Д. Мишев