• Latest

Пресек: ВМРО-ДПМНЕ и Левица се „кандидираа“ за црната листа на Бајден, Мета е аут, ЦИВИЛ ќе дебатира за младите и европските вредности

June 9, 2021

Реакции: „Благодарниците се за да не си даде оставка“; „Катастрофа, за нерешени убиства, пожарот во Кочани, секој ден сообраќајки?“…

May 15, 2025
ФОТО/ Претседател на Собрание на Северна Македонија Африм Гаши

Гаши: До Собранието не е доставена оставка од Таравари, ниту предлог за гувернер на Народната банка

May 15, 2025
Фото: скриншот Х

(Видео) Инциденти меѓу демонстранти и полицијата на влезот на судот во Нови Сад

May 15, 2025

Медиумски takeover ден посветен на важноста на семејството во животот на секое дете

May 15, 2025

Тирана домаќин на европскиот Самит; Ќе присуствуваат 47 лидери од целиот континент

May 15, 2025
Фото: ФБ meKreshnik Bekteshin

Бектеши во куќен притвор

May 15, 2025

Косовските партиски лидери на конултативен состанок кај претседателката Османи

May 15, 2025
Додик/Стевандиќ

Политичка симбиоза во Република Српска: Вето врз одлуките на Претседателството

May 15, 2025
Фото: МИА

Претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски

May 15, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте: Мировните напори меѓу Украина и Русија би можеле да постигнат напредок во рок од 2 недели

May 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Пресек: ВМРО-ДПМНЕ и Левица се „кандидираа“ за црната листа на Бајден, Мета е аут, ЦИВИЛ ќе дебатира за младите и европските вредности

June 9, 2021 17:07
in ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ Бајден донесе извршно решение: Непочитувањето на договорите како Преспанскиот носат дестабилизација

Преспанскиот договор со Грција и Охридскиот рамковен договор се најдоа на листата на САД на клучни договори од регионот, кои доколку не се почитуваат и спроведуваат може да доведат до дестабилизација. Ова стана јасно откако американскиот претседател Џо Бајден потпиша нов декрет со кој им забранува влез во САД на сите лица што од Западен Балкан што нема да ги почитуваат овие договори, а воедно и ќе им го конфискува имотот на територија на државата.

За одговорни се сметаат оние што ги прекршиле договорите за регионална безбедност и мир, како Договорот од Преспа, Охридскиот рамковен договор, Резолуцијата 1244 и Дејтонскиот договор.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица остануваат против Преспанскиот договор и покрај извршната наредба на американскиот претседател Џо Бајден, со која им се заканува забрана за влез и конфискување имот на сите противници на Договорот со Грција и на други важни договори за стабилизирање на Балканот, склучени во изминатите две и пол децении. Од двете партии експресно му свртеа грб на стратешкиот партнер на земјава, преку изјавите на функционерот на најголемата опозициска партија, Антонијо Милошоски и шефот Левица, Димитар Апасиев.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Маричиќ: Партиите блиску до договор за имлементација на препораките на ОБСЕ/ОДИР во Изборниот законик, останува прашањето за изборниот модел

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска изјави дека партиите се блиску до договор за имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во Изборниот законик, но оти сепак останува потешкиот дел, а тоа е конечен договор за самиот изборен модел. Тој потенцираше дека за какви било промени на изборните правила, потребно е да се постигне консензус и да има согласност од релевантните политички партии, што ќе биде добро за државата, за меѓусебната доверба, а што како препорака ни е дадена и од Венецијанската комисија.

„До сега се одржаа и неколку состаноци и со претставниците на политичките партии, на кои се дебатираше за начинот и динамиката на промена на изборниот модел. Лично сум задоволен што најдовме заеднички јазик, односно сме блиску до договор за имплементација на препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Сепак, сега останува потешкиот дел, а тоа е конечен  договор за самиот изборен модел. На овој начин граѓаните ќе имаат можност да гласаат повеќе за личност отколку за партија, што е ќе биде дополнителна вредност и мотив партиите да кандидираат луѓе со кредибилитет во општеството, односно ќе можат најсоодветно и најквалитетно да одговорат на обврските во советите. Генерално меѓу сите партии има согласност за ова, но останува предизвик да се разговара за начинот на кој градоначалниците ќе го освојуваат мандатот. Односно дали тоа ќе се направи во прв или пак треба да има и втор круг. Сметам дека со креативност и меѓусебна доверба, овој прашање може да биде надминато и на крајот сите заеднички да застанеме позади измените на Изборниот законик,“ рече Маричиќ на конференција за Изборни реформи во Северна Македонија во организација на Министерството за правда и НДИ.  

ЦИВИЛ ВО ЖИВО: Црвен картон за националистите, воените хушкачи и криминалците во политиката

„Американскиот претседател, Џо Бајден со својот декретот, извршна наредба, практично им даде црвен картон на сите криминалци, корумпирани политичари, политички партии кои се националистички, ектстремни, радикални структур кои се во Западен Балкан, па така и во Северна Македонија кои се воени хушкачи и структури кои промовираат говор на омраза и негирање на суштински важни меѓународни документи како што е Преспанскиот договор, Охридскиот договор, Дејтонскиот договор во БиХ и некои други договори кои се таксативно наведени во извршната наредба на американскиот Претседател каде што според таа наредба им се замрзнува имотот и им се забранува влез на политичарите кои се противат или ги дестабилизираат овие договори или ги дестабилизираат своите држави и воопшто регионот“, истакна Џабир Дерала во живо.

 ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ Панел на ЦИВИЛ: Младите и европските вредности

ЦИВИЛ  организира панел дискусија насловена „Младите и европските вредности“ која ќе се одржи на 10 јуни 2021 година, четврток, во Хотел Парк&Спа (зад градски стадион), во Скопје, со почеток во 13 часот.

Колку младите се запознаени со европските вредности, дали нивното општествено –политичко опкружување отвора можности за промовирање и негување на европските вредности во нашата земја или уште повеќе ги охрабруваат за нивно заминување во странство, колку образовниот систем придонесува за европеизација на младите, постои ли европска иднина за младите во нашата држава, кои се искуствата да се биде млад овде и во некоја од европските земји, се само дел од прашањата на кои ЦИВИЛ и учесниците на панел дискусијата ќе се обидат да дадат одговор.

Учесници на панелот ќе бидат Билјана Арсовска-комуниколог, Андреј Стојкоски-Национален младински совет на Македонија и Билјана Стојческа-Младински сојуз Крушево. Модератор на настанот ќе биде Ирена Крџиќ, ЦИВИЛ.

ФЛЕШ ВЕСТИ

РАЗРЕШНИЦА Со 104 гласа „за“ седум против и три воздржани албанскиот парламент попладнево го разреши шефот на државата Илир Мета, што е прв случај во трите деценискот плурализам во земјата.

ИМУНИЗАЦИЈА Вчера се аплицирани 10.556 вакцини.

Пристигаа 30.000 вакцини „Синовак“, донација од Турција

НЕЛЕГАЛНИ ОБЈЕКТИ Под силно полициско обезбедување денеска почна најавуваната акција за отстранување на нелегалните градби и урбана опрема од плажите во градското подрачје на Охрид.

СЕРТИФИКАТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ Со цел гарантирање на безбедни услови за престој и користење на услуги во угостителските објекти, хотелите, мотелите, автокамповите Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) во соработка со Министерството за економија издава меѓународен сертификат за безбедност „Safety Travel Stamp“ односно „Знак за безбеден туризам“.

ОБРАЗОВАНИЕ И покрај пандемијата, учебната година успешно заврши.

Министерката Царовска со желба учениците од 1 септември да се вратат на училиште.

ИЗБОРИ Партиите се блиску до договор за имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во Изборниот законик, но оти сепак останува потешкиот дел, а тоа е конечен договор за самиот изборен модел.

ПОЛИТИКА Наредбата на Бајден е сериозна порака на охрабрување и мотивација

СЛОБОДНА ЗОНА

„Ме примија, почнаа првите часови на албански јазик, јас само молчев и ги слушав предавањата без ништо да ги разбирам што предаваат и зборуваат. Ми беше многу тешко, се чувствував дека сум поразлична од останатите. Ми беше досадно и за миг посакав да се откажам од својата желба да учам во тоа училиште. Но, токму тогаш кога бев решена да се откажам, се појави муфтијата и ни одржа предавање, но додека зборуваше забележа ученичка (мене) која не го разбира албанскиот јазик, и во тој момент почна да предава на македонски јазик. Тоа ми даде сила и поттик да останам во тоа училиште. Веднаш потоа се запишав на шестмесечен курс по албански јазик и откако го завршив курсот веќе знаев да зборувам и да пишувам, потоа беше лесно да учам и за одговарам на албански јазик“ пишува Нафије Далиби во „А што има лошо во тоа да си различна… “

„По толку пролеана крв, невидени ѕверства и безумие на Балканот, време е да им кажеме на сите „лудаци“ дека не се пожелни и дека треба да одговараат. И да го вратат имотот што и онака не го заработиле! За тоа што го преселиле во САД, веќе се погрижи американскиот претседател„ пишува Џабир Дерала во „Црвен картон за националистите, воените хушкачи и криминалците во политиката“.

 Ирена Крџиќ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ