Случајот „Монструм“ доби сосема нова судска пресвртница, по пет години тежок судски процес. Јавната обвинителка Лилјана Спасовска побара укинување на првостепената и второстепената пресуда и враќање на предметот на повторно одлучување. Претходно, во случајот „Монструм“ на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Aзири и Сами Љута за убиството на пет лица во 2012 година кај Смилковско езеро.
Адвокатите на обвинетите сметаат дека не постои ниту еден непосреден доказ кој укажува на евентуална вина на обвинетите и дека е очигледно колку „Монструм“ е класичен монтиран случај.
Забелешки беа упатени и до сведочењето на заштитениот сведок чија изјава ја сметаат за контрадикторна, а останатите сведоци, со нивните изјави, пак, не се доследни, бидејќи не ги препознале обвинетите.
Претходно, адвокатот Насер Рауфи потенцираше дека Специјалното јавно обвинителство треба да го преземе случајот за да се дојде до вистината за овој случај. Во интервју за ЦИВИЛ Медиа Рауфи истакна дека правдата во Македонија е киднапирана!