Денешната јавната седница во Врховниот суд за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро повторно е одложена, овој пат за 3 октомври, затоа што полицијата не успеала да довде едно од осудените пет лица во судницата!
Врховните судии денеска требаше да ги разгледаат жалбите за доживотните затворски казни, изречени од Основниот и потврдени од Апелацискиот суд, за петтемина осудени за петкратното убиство кај Смилковското езеро, на 12 април 2012 година. За следната седница ќе се издаде наредба сите осудени лица да бидат донесени во Врховниот суд.
Еден од бранителите, адвокатот Насер Рауфи потенцираше дека Специјалното јавно обвинителство треба да го преземе предметот „затоа што само на тој начин ќе се дојде до вистината за овој предмет“.