• Latest

Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ под мотото „Се работи за луѓето“, блокадите кон ЕУ да станат минато, остри оценки за дезинфомрациите

January 4, 2023

Изборен молк: Период на тишина пред граѓанскиот избор

October 31, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Поранешен австралиски политичар осуден на повеќе од пет години затвор за сексуални злосторства

October 31, 2025

Притвор за тетовец кој се заканувал со убиство на жена и партиски функционери на Фејсбук

October 31, 2025

Во вториот круг од изборите право на глас имаат 1 013 375 граѓани, за гласање пријавени 4 826 болни

October 31, 2025
Фото; Скриншот од видео

Украинската Курска група на сили сè уште држи позиции на руска територија

October 31, 2025
Скриншот од видео на
Firstpost

Протести во Дар ес Салам по хаотичните избори во Танзанија, полицијата употреби солзавец и истрели, има убиени

October 31, 2025

Национализам, етнички тензии и популизам: Етничката карта ја обои трката пред вториот круг

October 31, 2025
Скриншот од видео кое наводно прикажува експлозија во комбинираната термоцентрала (ТЕЦ) Орјол во Орјол, Русија, на 31 октомври 2025 година. Фото: Астра .Телеграм

Украина нападна голема руска енергетска инфраструктура во повеќе региони

October 31, 2025

Удри дете и избега! Полицијата го фати 59-годишниот скопјанец што прегази 11-годишно девојче во Маџари

October 31, 2025

Последен ден од изборната кампања за вториот круг од локалните избори, на полноќ почнува изборниот молк

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ под мотото „Се работи за луѓето“, блокадите кон ЕУ да станат минато, остри оценки за дезинфомрациите

January 4, 2023 17:00
in ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Повеќе од 70 министри за надворешни работи ќе дојдат на завршната конференција во рамки на претседавањето со ОБСЕ

ОБСЕ претседавањето ќе заврши со најголемата конференција што била некогаш организирана во Република Северна Македонија. Над 70 министри за надворешни работи ќе дојдат во Скопје, од министерот за надворешни работи на САД, на Русија, на сите европски земји, на азиски земји, информира на денешниот брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој најави дека претседавањето со ОБСЕ ќе не чини пет милиони евра.

Подготовките, како што рече министерот, веќе ги имаат сериозно почнато, бидејќи ОБСЕ има одреден правилник за стандардите коишто треба да се исполнат. Османи посочи оти сметаат дека СЦ „Борис Трајковски“ може да ги задоволи безбедносните потреби за одржување на оваа конференција.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Османи: Како претседавачи со ОБСЕ влегуваме со мотото „Се работи за луѓето“

„Во политиката ние некогаш сметајќи дека се занимаваме со голема политика, со големи иницијативи, со големи интереси, забораваме дека на било која позиција, дали на нашите национални влади, меѓународни организации, остануваме да делуваме цел ден за луѓето, за да се намали страдањето на луѓето пред се во конфликтните региони, за да се олесни на луѓето, за да може да се интегрираат, да се рехаблитираат. Имајќи го предвид ова наше искуство, преку нашата ОБСЕ мисија, сметавме дека ако некој знае што значи улогата на ОБСЕ на терен и нејзините инструменти – тоа сме ние. И затоа рековме дека пораката што ќе ја испратиме преку нашето претседавање е преку тие состаноци на Постојаниот совет во Виена е дека „да, вие мислите дека правите голема политика, но на крајот луѓето се големите корисници на сето тоа што ние го правиме, рече Бујар Османи, министер за надворешни работи.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Премиерот Денис Шмихал и честиташе на Северна Македонија за почетокот на претседавањето со ОБСЕ и рече дека се надева на дополнителна поддршка за Украина.

„На 31 декември 2022 година, Украина изведе ракетен напад врз училишна зграда во градот Макијивка, кој е контролиран од Русија, во близина на градот Донецк, која Русија со голема сигурност ја пренамени за воена употреба. Зградата беше целосно уништена и, како што потврди руското Министерство за одбрана, загинаа 89 руски персонал“, објави Министерството за одбрана на Обединетото Кралство на Твитер, повикувајќи се на разузнавачки податоци.

AL-PRESS

Редакциски избор од албански медиуми:

Лансирани во вселената сателитите Албанија 1 и Албанија 2, револтирани косовски Срби ќе протестираат против Вучиќ и „Српска листа“

ФОТО НА ДЕНОТ

Скопје, 4 јануари 2023 година. Автобус на ЈСП од кинеско производство се пробива низ скопската магла.

Фото: Драган Мишев/ ЦивилМедиа

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕНЕРГЕТИКА Над 675 компании користат субвенции за струја, до 20 јануари продолжен рокот за аплицирање, соопшти ЕСМ.

ЕПИДЕМИЈА Европската агенција за безбедност на храна минатата недела објави дека Европа повеќе од една година страда од најразорната епидемија на птичји грип во историјата. Ситуацијата во Македонија засега е под контрола, потврдува директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, кој вели дека во нашата земја нема потврдени случаи на птичји грип.

ЗДРАВСТВО Рано утрово на Хируршките клиники започна експлантацијата на црн дроб, бубрези и на коскени ткива, откако вчера попладне семејството на пациентка во мозочна смрт даде согласност за донирање, информираат од Министерството за здравство

ПЕРСПЕКТИВИ 2023

Перспективи 2023: Јордановска за изборите и зелените политики

Незири: Преговорите со ЕУ по 13 години чекање беа несомнено добра вест за сите, блокадите на патот кон ЕУ мора да останат во минатото

„2022 година беше година на кризи. Заврши кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус, продолжи кризата предизвикана од руската агресија во Украина. Порастот на цените на основните прехранбени производи, енергијата, инфлацијата, неизвесноста и цикличните политички кризи ја карактеризираа 2022 година… Ќе биде многу подобро од оваа година. Светот веќе успешно ги преброди шоковите од пандемијата и војната во Украина. Северна Македонија му припаѓа на Западот, кој веќе најде начини да управува со енергетските или геополитичките кризи. Западот не е географија, туку вредности што значат демократија, слобода, еднаквост, владеење на правото, солидарност и човечко достоинство. Сè додека земјата ќе продолжи да ги негува овие вредности, нема да има причина за грижа. Блокадите кон ЕУ мора да бидат минато“, вели политичкиот аналитичар Џелал Незири, како дел од „Перспективи 2023“.

Перспективи 2023: Муратов со остри оценки за дезинформациите, Тахири ги претстави перспективите на меѓуетничките односи

СЛОБОДНА ЗОНА

„Истовремено јанѕи и јад ме обзема затоа што ние во Македонија сѐ уште немаме јасна претстава каде припаѓаме. Навистина, анкетите сѐ уште покажуваат дека е голема поддршката на граѓаните на Македонија за членство во ЕУ, но тоа повеќе наликува на необврзувачки партиски декларативни изјаснувања кои се далеку од европскиот идентитет на Македонија. Сите се за ЕУ, ама го нема тој решителен притисок на јавноста врз политиката како единствена мерка на успешноста да биде влезот во европското семејство.Тоа е така затоа што се пресилни дилемите и сомнежите на академските и интелектуални средини, на масовните медиуми за тоа каде припаѓаме, какви сѐ други подобри алтернативи постојат освен ЕУ. Се оди дотаму, Кина да нѐ храни, Русија да нѐ брани“, пишува Ерол Ризаов во „Имаме ли јасна претстава каде припаѓаме“

„Vitiate lapidem longum tempus – оваа погоре цитирана изрека на папата Франциск добро го отсликува резултатот од долгото и трпеливо очекување на МПЦ – Охридска архиепископија да биде признаена и официјално од другите православни цркви. Освен трпението тука помогна и дипломатијата, а пред се синхроницитетот на настаните – Преспанскиот договор и руско-украинската војна која го забрза затворањето на отворените црковни прашања“, пишува Љубомир Костовски во „Признавањето на МПЦ: Должината на времето покренува камења“

Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДневникполитикаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ